Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТ/И ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОТОКОЛ И СЕТ НА ДОКУМЕНТИ ЗА РАБОТА НА ЛОКАЛНИТЕ МУЛТИДИСИПЛИНАРНИ ТИМОВИ (ЛМТ)


Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во рамките на проектот „Градење отпорни и инклузивни заедници” финансиран од Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) објавува јавен повик за изработка на Протокол за работа на локалните мултидисциплинарни тимови и сет на документи потребни за функционирање на тимовите.


ОПИС И ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Проектот „Градење отпорни и инклузивни заедници“ има за цел да изгради локални заедници кои се борат против насилниот екстремизам и радикализација преку градење капацитети и поддршка на заедниците и ранливите групи во процесот на превенција од насилен екстремизам(P-CVE) и рехабилитација и реинтеграција (R&R) во земјата. Проектот се стреми да ги зајакне постојните институционални капацитети на централно и локално ниво со цел нивно активно вклучување во процесот на превенција од насилен екстремизам(P-CVE) и рехабилитација и реинтеграција (R&R) на лицата во земјата. Дополнително, проектот има за цел да ја зајакне локалната заедница да стане отпорна на насилниот екстремизам преку промовирање на социјалната кохезија и алтернативи. Дел од активностите во рамките на проектот се однесуваат на развој на оперативни документи и градење на капацитетите на државните институции на централно и локално ниво и другите вклучени актери, размена на искуства од регионот, како и активности кои ќе ја подобрат социјална кохезија со вклучување на локалната заедница.

Проектот е финансиран од Глобалниот фонд за вклучување и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) и го спроведува Македонското здружение на млади правници (МЗМП) како водечка организација во партнерство со Отворена порта-Ла Страда, Центар за толеранција и долгорочно учење и Центар за заедничка основа.

ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАН

Избраниот кандидат на повикот ќе биде ангажиран со цел да:

· Изработи Прoтокол/СОП/Правилник/Деловник/Упатства за работа на локалните мултидисциплинарни тимови (ЛМТ)

· Програма/План за работа на локалните мултидисциплинарни тимови (ЛМТ)

· Сет на документи за фукнционирање на локалните мултидисциплинарни тимови(ЛМТ)

· Презентација на материјалите на претставниците на локалните мултидисциплинарни тимови (ЛМТ)

Прoтокол/СОП/Правилник/Деловник/Упатства за работа на локалните мултидисциплинарни тимови (ЛМТ) ќе го определи начинот на функционирање и соработката помеѓу членовите на ЛМТ кои се формирани во 9 градови во земјата. Документот треба да го опфати целокупниот начин на работа на ЛМТ, улогата на нивните членови ( кој – што-како-кога) динамиката на работа, комуникацијата со централните институции, заштитата на личните податоци, известувањето, итн

Програмата/Планот за работа на локалните мултидисциплинарни тимови (ЛМТ) ќе ја определи динамиката на работа на ЛМТ

ВРЕМЕНСКА РАМКА
Експертот се очекува да започне со работа во мај 2022 година и да заврши со задача во јуни, 2022 година. Рокот за завршување на задачата и доставување на финалниот продукт може да се продолжи во консултација со МЗМП.

МЗМП ги задржува сите права од интелектуалната сопственост кои произлегуваат од овој повик и се однесува на наведените продукти. Изработените продукти не смее да се споделат, копираат и користат без одобрение на МЗМП.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование во областа на безбедноста/општествени науки. Завршени магистерски/докторки студии во областа ќе се сметаат за предност;
  • Најмалку 3-5 години работно искуство во областа превенција од насилен екстремизам/радикализација, работа во ресоциjализација, реинтеграција, рехабилитација на повратници, работа со ранливи категории, работа со заедницата на теми од нивен интерес, и/или слично
  • Искуство во истражување во областа на насилниот екстремизам/радикализација, ресоцијализација, реинтеграција, рехабилитација на повратници, отпорност на заедниците, социјална кохезија, вклучување на заедницата во носењето на одлуки и/или област
  • Искуство во работа со централни и локални институции, јавни органи, меѓународни и невладини организации кои што работат во превенција и спречување од насилен екстремизам/радикализација, рехабилитација и реинтеграција, заштита на човековите права, маргинализирани групи, локалната заедница
  • Искуство во изработка на документи за работа на воспоставени тела Прoтокол / СОП / Правилник / Деловник / Упатства и други документи во областа или слично
  • Посветеност кон заштита на човековите права, принципот на владеење на правото и заштита на маргинализирани групи, поткрепена со работа на иницијативи и проекти;
  • Познавање на говорен и пишан англискиот јазик;
    Како референца за искуство, кандидатот/ките е потребно да достават примерок од изготвени
    материјали како доказ дека ги исполнуваат условите.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот/ката кој/а ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со
поднесување на CV на следниот е-маил: contact@myla.org.mk со назнака „Апликација за изработка на протокол и сет на документи за работа на ЛМТ”.

Рокот за аплицирање е до 15.05.2022 година, 16:30 часот. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат земени во предвид и контактирани од страна на МЗМП за понатамошната фаза.
Ве молиме без телефонски јавувања.

Повикот може да го преземете на:

https://myla.org.mk/wp-content/uploads/2022/05/Javen-povik-za-ekspert-MYLA-GCERF-5.5.2022.pdf

NO COMMENTS

POST A COMMENT