Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА – ПАТОТ НА ЖРТВИТЕ НА НАСИЛНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ДО ПРАВДАТА

 

 

На 19ти август 20121 година во Скопје, Македонско здружение на млади правници –МЗМП Скопје одржа завршна конференција насловена ПАТОТ НА ЖРТВИТЕ НА НАСИЛНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ДО ПРАВДАТА. На конференцијата се презентираа резултатите од двеиполгодишната работа на проектот „Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела”, спроведен од МЗМП во партнерство со СОС Детско Село, поддржан од Европската Унија преку Министерството за финансии – Секторот за централно финансирање и склучување договори.

На настанот свои обраќања имаа Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Бојан Маричиќ, Министер за правда; Јагода Шахпаска, Министерка за труд и социјална политика, Никола Бертолини, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Резултатите на проектот ги презентираа Елена Георгиевска, Менаџерка на проектот од МЗМП и Марио Јанчев, Национален директор за програмски развој, СОС Детско Село.

Ранливите жртви на насилни кривични дела, група лица кои не по своја вина доживеале насилен кривичен настан и кои поради нивниот статус на жртви, или потенцијални жртви, побаруваат посебно внимание и третман за заштита, превенција и отстранување на последиците од насилство – беа фокус на овој проект.

Проектните активности беа насочени кон најранливите – жените, децата, лицата со попреченост и старите лица, бидејќи нивната ранливост вообичаено води кон лутање низ правниот систем, најчесто предоцни обиди за пристапување кон правдата, како и откажување на веќе започнатиот процес поради многу причини.

Потребата од екипирање професионалци кои заеднички ќе работат со останатите професионалци во системот кои доаѓаат во контакт со жртвите, доведе до оформување тим од адвокати, социјални работници, психолози и педагози кои успешно поминаа обуки за подигнување на нивните способности за работа со овие ранливи категории лица.

Властите на локално ниво; судството; министерствата и нивните органи, центрите и подрачните одделенија; секторите за внатрешни работи; јавно-здравствените установи; невладините организации, со координирана соработка придонесоа за пренесување на информацијата за овој сервис до жртвите и лицата во ризик да станат жртви. Благодарение на оваа соработка активностите на овој проект беа прилагодени на значителен број жртви. Сите потребни информации, советувања и застапување жртвите ги добија на едно место, каде што дополнително добија и психосоцијална поддршка. Правната помош и психосоцијалната поддршка, паралелно со сите расположливи сервиси во системот, се сржта на земањето на жртвата под закрила.

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ:

Главна цел на проектот: Подобрување на пристапот до правда за жртви на насилни кривични дела преку воспоставување национален сервис за правна поддршка на жртви.

Специфични цели:

Да се зголеми пристапот до правна помош и психосоцијална поддршка на деца, лица со попреченост, стари лица и жени – жртви на насилни кривични дела

Зајакнување на капацитетите на адвокатите кои работат на заштита на жртвите на насилни кривични дела

Застапување за воспоставување на соодветен државно финансиран систем за правна поддршка

Целни групи: деца, лица со попреченост, стари лица и жени – жртви на насилни кривични дела

 

Главни проекнти достигнувања:

16 адвокати, присутни во 10 градови од 7 статистички региони на државата, како и 8 советници (психолози, педагози, социјални работници и сл.) обучени за давање услуги на жртви на насилни кривични дела

496 жртви на насилни кривични дела добија правна информација

198 жртви на насилни кривични дела добија правно советување и правно застапување

127 жртви на насилни кривични дела добија психосоцијална поддршка

Изработена е ГАП Анализа на усогласеноста на законодавството и практиката за правата на жртвите во Република Северна Македонија со нормите и стандардите на Европската Унија утврдени во Директивата 2012/29/EU

Изработен е Документ за јавни политики со вклучени препораки за реформи при транспонирање на Директивата за правата на жртвите во националното законодавство

 

Содржината на ова соопштение е исклучителна одговорност на Македонското здружение на млади правници – МЗМП Скопје и на СОС Детско село и во никој случај нема да се смета дека ги изразува погледите на Европската Унија.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.