Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за изработка на Водич за примена на Законот за управни спорови

 

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на спроведување на активностите на здружението на 10 Јуни 2020 година објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на еден (1) експерт за изработка на ,,Водич за примена на Законот за управни спорови,,

 

  1. Опис на активноста предмет на овој повик

Со донесувањето на новиот Закон за управни спорови, кој што започна со примена од 25.05.2020 година, се редефинираше управниот спор. Со новото законско решение се очекува да се надминат слабостите во поглед на долготрајноста на управниот спор, неодлучувањето на судот во полна јурисдикција, неизвршувањето на одлуките донесени од страна на Управниот суд и други недоследности што доведуваат до проблем за граѓаните во остварувањето на нивните права во управниот спор.

За успешна практична примена во Управниот и Вишиот управен суд, но и за сите учесници во постапката, неизбежно се укажа потребата да се изработи водич за примена на законот за секојдневна употреба од страна на сите учесници во постапките.

 

  1. Цели и работни задачи

Ескпертот за изработка на ,,Водич за примена на Законот за управни спорови,, ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Анализа на Законот за управни спорови;
  • Анализа на законската рамка: уставна и законодавна, изворите на право и
  • европската и националната судска пракса;
  • Изработка на водичот со вклучување на практичен дел наменет за остварување на правата на ранливите групи преку посебна управна постапка и управен спор од специјализираните оддели и практичен дел за постапките со примена на компративни искуства;
  • Учество на настан за промооција на Водичот.
  1. Права од интелектуална сопственост

Моралните права од авторските дело му се признаваат на авторот. Материјалните права од авторските дела, во смисла на Законот за авторско право и сродни права, ќе му се пренесат на нарачателот на начин и во опсег утврдени со договор.

  1. Договор и обврска за известување

Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот ќе бидат уредени со договор за авторско дело. Ангажираниот експерт ќе има обврска да достави извештаи за изработените работни задачи.

  1. 5. Временска рамка и плаќање

За работниот ангажман предвидени се 15 работни денови во периодот од 20 јуни 2020 година до 31 јули 2020. Надоместокот ќе биде утврден во согласност со политиките на МЗМП за избор на експерти.

  1. 6. Потребни квалификации
  • Магистерска титула во областа на правото. Докторат во областа на правото ќе се смета за предност;
  • Најмалку 10 години професионално искуство во областа на управното право.;
  • Напредно познавање на македонскиот правен систем;
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини.

 

  1. Пријавување и евалуација на биографиите

Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите наведени во точка 6 од овој повик потребно е да достават детална биографија и мотивационо писмо. Биографијата треба да се достави во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака за експертската позиција за изработка на ,,Водич за примена на Закон за управни спорови,, Рокот за аплицирање е 17ти јуни 2020 година до 17:00 ч.

Пристигнатите биографии и мотивациони писма ќе бидат евалуирани од стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Критериуми кои ќе бидат земени во предвид се: целосно исполнување на условите од точка 6 на овој повик. МЗМП го задржува правото да ги контактира само највисоко рангираните кандидати.

 

 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.