Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за избор на соработник/чка за изработка и спроведување на веб-анкета

Македонското здружение на млади правници за потребите од спроведување на проектот ”Унапредување на про боно услуги за правна помош во Македонија” поддржан од страна на Фондација Oтворено Општество – Македонија, објавува јавен повик за избор на соработник/чка за изработка и спроведување на веб анкета.

  1. Опис и цели на проектот

Проектот цели да утврди и анализира дали и во која мера е раширено обезбедувањето на про боно услугите на правна помош[1] од страна на адвокатите во РМ како и да развие широка дебата помеѓу стручната јавност во однос на потребите, можностите и облиците за обезбедување на про боно услугите за правна помош во РМ.

  1. Опис на ангажманот

Како подготвителна активност за остварување на целите на овој проект предвидено е спроведување на веб анкета за прибирање на  податоци од адвокати и адвокатски друштва во односн на: застапеноста на про боно услугите во РМ, бројот на работните часови во кои се обезбедуваат про боно услуги, видот на правни услуги, правната област во кои се обезбедуваат про боно активности за правна помош.

Со цел спроведување на оваа активност МЗМП Има потреба од краткотрајно ангажирање на соработник/чка кој/а ќе треба да ги спроведе следниве работни обврски:

  • Утврдување на статистички релевантен примерок, ниво на доверба и маргина на грешка врз основа на методологија обезбедена од МЗМП
  • Изработка на on-line анкетен прашалник на расположлива веб алатка за спроведување на анкетни истражувања врз основа на прашања изработени од МЗМП
  • Администрирање на on-line анкетен прашалник за време на траењето на истражувањето
  • Квантитативна и квалитативна анализа на прибраните податоци и нивно графичко и табеларно претставување
  • Изработка на извештај за истражувањето.

Субјектот кој ќе биде избран ќе добие целосна поддршка и помош од проектниот тим и МЗМП во однос на темата и ќе му бидат ставени на располагање сите постоечки ресурси и материјали потребни за изработка и спроведување на веб анкетата.

  1. Потребни квалификации

На овој јавен повик може да се јави физичко лице или правен субјект.

3.1 Потребни квалификации за физичко лице

  • Завршено постдипломско образование во областа на општествените науки. Завршени докторски студии ќе се сметаат за предност.
  • Работно искуство од најмалку пет (5) години.
  • Искуство во спроведување на најмалку пет (5) истражувања кои вклучувале користење на веб алатки. Искуство во спроведување на истражувања кои се однесуваат на правни прашања ќе се смета за предност.
  • Искуство во соработа со граѓански организации
  • Аналитичност, навременост, подготвеност за тимска работа.

3.2 Потребни квалификации за правен субјект (здружение, фондација или трговско друштво)

  • Искуство во спроведување на најмалку пет (5) истражувања кои вклучувале користење на веб алатки. Искуство во спроведување на истражувања кои се однесуваат на правни прашања ќе се смета за предност.
  • Да располага со истражувач кој ги исполнува критериумите наведени во точка 4.1 од овој повик.
  1. Временска рамка и правна рамка на ангажманот

12 работни денови во периодот Јануари – Февруари 2018 година. МЗМП ќе склучи договор со избраниот субјект за реализација на активностите и резултатите наведени во описот на ангажманот.

  1. Доставување на пријава

Субјектот кој ги исполнува потребните квалификации треба да испрати пријава со назнака Понуда за изработка на веб анкета за потребите на проектот ”Унапредување на про боно услуги за правна помош во Македонија, на следната е-маил адреса: contact@myla.org.mk

Пријавата треба да содржи: биографија (за физички лица)/Портфолио (за правни субјекти) кои покрај искуството задолжително треба да содржат референци за исполнување на квалификациите наведени во т.4 од овој повик.

Пријавата треба да се достави најдоцна до 10 јануари 2018 година

За сите дополнителни прашања Ве молиме да се обратите на телефонскиот број 02/3220-870 или на следните е-маил адреси: gkocevski@myla.org.mk и skjoseva@myla.org.mk

[1] обезбедување на  услуги на правна помош без надомест ниту награда, од страна на адвокатите и од правната професија кое не е платено или субвенционирано од страна на државата

Преземете то повикот на следниот линк: ТоР – ФООМ

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.