Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

„Институционалните капацитети за заштита на животната средина“- панел дискусија за поттикнување јавна дебата

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) организира панел дискусија на тема „Институционалните капацитети за заштита на животната средина“. Панел дискусијата ќе се одржи на 05.12.2022 година од 12:00-14:00 часот во хотел Мериот во Скопје.

Европската комисија во Извештаите за напредокот на Северна Македонија во поглавјето 27 во континуитет утврдува дека државата има слаб административен капацитет за спроведување на законодавството од областа на животната средина на централно и локално ниво, а истата констатација се утврдува и во однос на спроведувањето на инспекцискиот надзор од оваа областа на централно и локално ниво.

Имајќи го ова предвид, панел дискусијата има за цел поттикнување јавна дебата и дефинирање на предизвиците со кои се соочуваат институциите на централно и на локално ниво во поглед на спроведувањето на законодавството од областа на животната средина вклучително и стратегијата на државата за надминување на утврдените предизвици.

На почеток на панел дискусијата ќе биде презентиран документот за јавни политики „Институционални капацитети на Секторот за води за управување и заштита на водите“ кој беше изготвен во рамки на проектот.

Во продолжение, г-ѓа Каја Шукова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ги сподели предизвиците со кои се соочува министерството во спроведувањето на законодавството од областа на животната средина. Г-дин Никола Николов, Државен советник за информатички системи и технологии во Министерството за информатичко општество и администрација ќе ги претстави плановите за реформирање на јавната администрација со фокус на органите со надлежности за заштита на животната средина. Понатаму, г-дин Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина ќе говори за предизвиците во спроведување на ефикасен инспекциски надзор во областа на животната средина на централно ниво.

Панел дискусијата е дел од активностите на проектот „Акција за унапредена правна и институционална заштита на водите“ финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Агенда Покана

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.