Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Untitled design 11

Покана за јавна расправа за подзаконски акти од Законот за водите

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во рамки на проектот „Акција за унапредена правна и институционална заштита на водите“ финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија, соработуваше со Министерството за животна средина и просторно планирање во насока на изработување на Правилник за техничките услови, начинот и постапката за мониторинг на водата за наводнување и Правилник за техничките услови, начинот и постапката за мониторинг на водата од одводнување на земјиште. 

Ценејќи го инклузивниот пристап при изработување на правните прописи од областа на животната средина, МЗМП организира јавна расправа отворена за сите заинтересирани по однос на изработените нацрт текстови на правилниците. 

Јавната расправа ќе се одржи на 23.11.2022 година од 11:00 часот со физичко присуство во хотел Александар Палас, како и на ZOOM. За учесниците кои доаѓаат од другите градови, МЗМП може да ги надомести патните трошоци најмногу во висина на повратен автобуски билет.

Ве молиме пријавете го вашето учество на e-mail: btrpevski@myla.org.mk најдоцна до 22.11.2022 година до 13:00 часот. Лицата кои сакаат да учествуваат на јавната расправа со физичко присуство, во мејлот за пријавување треба задолжително да го наведат градот од кој ќе патуваат со цел да добијат подетални информации за надоместувањето на патните трошоци.

Во продолжение се наоѓаат агендата и нацрт текстовите на правилниците кои ќе бидат предмет на јавната расправа.

АГЕНДА Јавна расправа за подзаконски акти од Законот за водите (во агендата се наведени деталите за приклучување на јавната расправа преку платформата ZOOM)

ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА МОНИТОРИНГ НА ВОДАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ

ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА МОНИТОРИНГ НА ВОДАТА ОД ОДВОДНУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.