ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
- Опис и цели на проектот
Проектот има за цел да ја зајакне улогата на студентите по право и младите правници како агенти на промени за заштита на човековите права и промовирање на владеењето на правото. Специфичните цели на проектот се: (1) Усогласување на правната рамка со најдобрите ЕУ практики во поглед на правните студии и правната професија, вклучувајќи ги и студиските програми на правните факултети; (2) Поддршка на професионалниот развој на студентите по право и младите дипломирани правници; (3) Зголемување на учеството на младите правници во заштита на јавниот интерес во процесите на креирање политики на централно и локално ниво.
2. За Програмата за практикантска работа
Целта на Програмата за практикантска работа (Програмата) е континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети преку подобрување на нивните практични правни вештини, вештини за барање на работа во правната професија по нивното дипломирање, подобрување на знаењето за правна етика, како и сензибилизација за правните потреби на најмаргинилизираните групи во општеството.
Преку Програмата, од една страна се овозможува практична работа со цел младите правници да стекнат практични правни вештини и да станат конкурентни на пазарот на трудот, а од друга страна обезбедува сет на обуки кои ќе им помогнат на младите правници да стекнат дополнителни знаења и вештини.
Во периодот од 2015 до 2021 година, Програмата успешно ја имаат завршено 592 млади правници.
3. Услови за учество, времетраење и надоместок
Секој кандидат треба да ги исполнува следните услови:
- Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
- Интерес во областа на заштита на човековите права;
- Основно познавање на англиски јазик.
Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци – јануари, февруари и март 2023 година.
За практикантите кои ќе бидат селектирани за учество во Програмата е предвиден фиксен месечен надоместок во согласност со Законот за практикантство.
Бројот на практиканти кој ќе ги опфати Програмата е ограничен.
4. Градови и институции во кои ќе се спроведува Програмата за практикантска работа
Градови во кои ќе се спроведува Програмата во периодот од месец јануари, февруари и март 2023 година се следните: Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Тетово.
Програмата се спроведува во соработка со основните судови во РСМ, Уставен суд на РСМ, Управен суд на РСМ, Министерство за животна средина и просторно планирање, Народниот правобранител и граѓански организации. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција.
5. Обуки во рамки на Програмата за практикантска работа
Во рамки на Програмата покрај тримесечна практична работа, практикантите посетуваат обуки на следните теми:
- Практични правни вештини и основни етички вредности на правната професијa;
- Вештини за барање на работа во правната професија;
- Сензибилизација.
Присуството на обуките е задолжително за успешно завршување на Програмата.
6. Начин на аплицирање и селекција
МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во прилог), на електронската адреса amarkovska@myla.org.mk или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 26.12.2022 година.
Изборот наинституцијата во која практикантите ќе ја спроведуваат практичната работа го определува Комисија за избор на практиканти формирана од Управен одбор на Македонското здружение на млади правници.
Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
7. За Македонското здружение на млади правници (МЗМП)
МЗМП е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.
НАПОМЕНА
МЗМП заедно со институциите, адвокатските канцеларии и граѓанските организации во кои ќе се спроведува практикантската работа во целост ќе се придржуваат и ќе ги почитуваат сите мерки и препораки дадени од страна на Владата на РСМ со цел заштита и превенција од ширење на КОВИД 19 вирусот. Исто така, сите избрани кандидати ќе имаат обврска да ги почитуваат мерките и препораките дадени од Владата на РСМ, како и интерните правила и упатствата од институцијата каде што ја спроведуваат практичната работа.
Здружението континуирано и внимателно ја следи состојбата со КОВИД 19. Доколку има потреба од прекин или одложување на Програмата за практикантска работа како резултат на дополнителни мерки и препораки кандидатите навремено ќе бидат известени за начинот на спроведување на тековните активности.
Јавното здравје е наша заедничка одговорност и секој од нас може да придонесе за спречување на ширење на вирусот со одговорно почитување на сите мерки и препораки.
Прилози: