Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА НА МЛАДИ АДВОКАТИ И ПРАВНИЦИ ЗА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА ЕКОЛОШКО ПРАВО

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 на 04.11.2022 година објавува 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА НА МЛАДИ АДВОКАТИ И ПРАВНИЦИ ЗА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА ЕКОЛОШКО ПРАВО  

1. Општи информации за Проектот

Проектот Младински активизам за позелени општини(во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

2. Опис и цел на тренинг програмата

Целта на тренинг програмата е зајакнување на капацитетите на 16 млади адвокати и правници (од различни региони во државата) кои имаат интерес и се подготвени да работат на теми поврзани со правната заштита на животна средина. Тренинг програмата опфаќа целина од меѓусебно поврзани обуки и работилници кои ќе овозможат стекнување на знаење и вештини на следните теми:

Шест (6) online обуки на следните теми:Три (3) работилници на следните теми:
1. Вовед во правото за заштита на животната средина – меѓународни стандарди1. Средства и механизам за младинско учество во процесите на креирање политики
2. Национална правна и институционална рамка за заштита на животната средина2. Комуникациски стратегии во активности за застапување
3. Правна рамка за квалитетот и заштитата на амбиенталниот воздух3. Правни механизми за влијание врз процесите на креирање политики
4. Загадувачи и контрола – Надлежности и постапки 
5. Зачувување на природата и дивиот свет – Постапки за заштита 
6. Правна рамка за управувањето со отпад 

Tренинг програмата ќе започне да се спроведува од февруари 2023 година и ќе трае неколку месеци. Избраните кандидати ќе бидат навремено известени за датумите на одржување на обуките и работилниците.

Учесниците кои успешно ќе ја завршат тренинг програмата ќе имаат можност да се вклучат во конкретни активности за правна заштита на животната средина во рамки на Проектот.

По успешно завршување на Тренинг програмата за еколошко право ќе бидат издадени е-сертификати.

3. Критериуми за селекција

Адвокатите и правниците кои се заинтересирани да учествуваат во тренинг програмата за еколошко право треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Дипломиран правник со завршени магистерски студии;
  • Мотивираност и интерес за зголемување на своите познавања од областа на заштитата на животната средина, младинско учество и влијание врз политики;
  • Посветеност да работат на прашања од јавен интерес;
  • Интерес и спремност да ги пренесуваат своите стекнати знаења во рамки на активнoсти и настани за вмрежување со цел споделување искуства и најдобри практики за поголем ангажман на младите во политиките за животна средина;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Подготвеност да се обврзат за присуство на сите обуки и работилници во рамки на тренинг програмата.

4. Начин на пријавување, евалуација на биографиите и контакт лице

Доколку сте заинтересирани за аплицирање за тренинг програма за еколошко право и ги исполнувате критериумите наведени во точка 3 од овој документ, потребно е да се достави детална биографија, доказ за завршени магистерски студии и мотивациско писмо за учество во тренинг програмата.

Биографијата треба да се достави во електронска верзија на е-пошта: ashumkoska@myla.org.mk со назнака Апликација за тренинг програма за еколошко право. Рокот за аплицирање е 15 јануари 2023 година.Рокот за аплицирање е 5 февруари 2023 година.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП.

Контакт лице е Ангела Шумкоска, проектен менаџер, е-пошта: ashumkoska@myla.org.mk, тел: 02 3220 870.

Повикот можете да го преземете тука.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.