
МЗМП учествуваше на регионална конференција за борба против трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Ирена Здравкова заедно со Марија Тодоровска од Отворена Порта/Ластрада и Јелена Ристиќ од Адвокатската Комора на РСМ беа дел од панелот насловен “Пристап до правда и ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе” во рамки на регионалната конференција „Борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во Европа: стандарди, реалност и нови стратегии за акција“ која се одржа на 20 и 21 септември 2022 година во Белград.
На панелот се истакна важноста за меѓусебна соработка во процесот на идентификација на жртвите на трудовата експлоатација, недостатоците на системот на бесплатна помош во однос на назначување на адвокати за жртвите, примената на процесните права за заштита на жртвите за време на кривичната постапка, компензацијата, како и предизвиците во однос на идентификување на потенцијални жртви на трудова експлоатација- странци, особено во угостителските објекти во западниот дел на државата и нивниот пристап до правда.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 учесници од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија од различни институции, како и невладини и меѓународни организации вклучени во борбата со трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.
На конференцијата беа презентирани и новите студии за состојбата со трудовата експлоатација во трите земји, како и студијата за Северна Македонија во која и МЗМП даде придонес. Предлозите за акција содржани во студиите треба да ги водат националните власти кон усвојување на нови превентивни стратегии.
Повеќе за конференцијата на: