Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за спроведување на фокус групи и јавна анкета на територијата на Република Северна Македонија

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП,  објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За спроведување на фокус групи и јавна анкета на територијата на Република Северна Македонија

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Втората посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво на емисии, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

  • Предмет на активноста на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден за спроведување на национална анкета и испитување на јавното мислење поврзано со климатските промени и анализа на перцепциите и ставовите на граѓаните за најзасегнатите области на животната средина. Од јавната анкета ќе произлезат темите и областите за кои ќе се организираат фокус групите.

Јавната анкета и фокус групите треба да дадат одговори на прашања за сознанијата и перцепциите за најзасегнатите области поврзани со климатските промени на национално и локално ниво, со цел добивање релевантни податоци за познавањата и перцепциите на различните групи на граѓани, институциите и засегнатите страни  во Република Северна Македонија. Прибраните податоци ќе се употребат за подготовка на документи за јавни политики и анализи.

  • Опис на активноста

Реализирањето на јавната анкета треба да се одвива со теренско и/или онлајн истражување на територијата на РСМ. Областите кои ќе ги опфати јавната анкета треба да произлезат од анализа на постоечките документи и истражувања спроведени на тема климатски промени во претходната и тековната календарска година -2021/2022.

Тимот на проектот ќе соработува со избраниот понудувач во доставување на потребните документи, прецизирање на методологијата на спроведување на јавната анкета и дефинирањето на фокус групите.

По добивање на подаците од јавната анкета треба да се спроведат три фокус групи кои ќе бидат насочени кон релевантните институции (национални и локални) кои работат во различни сектори од областа на животната средина, на територијата на РСМ, со опфат на сите плански региони (вкупно 8). Во рамки на фокус групите ќе бидат вклучени претставници од Коалицијата за клима и регионалните координатори за клима.

Потребно е да се обезбеди простор на одржување на фокус групите, како и испраќање на покани и обезбедување на материјали и средства со кои ќе се овозможи видливост на проектот.

  • Период на реализација


Јавната анкета треба да се спроведе до средината на месец октомври, а наодите да се достават до крајот на месец октомври 2022 година. Фокус групите треба да се реализираат во текот на месец ноември и декември 2022 година.

  • Потребна документација и искуство

Кандидатите треба да достават:

  • Тековна состојба;
  • Краток опис на компанијата/ здружението;
  • Портфолио од претходно релеватно искуство;
  • Финансиска понуда со посебно дефинирани две ставки, една за спроведување на фокус групи и една за јавна анкета.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

6. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да ги достават потребните документи од точка 5. Финансиската понуда треба да биде во бруто износ со вклучен данок на додадена вредност изразена во мкд, и да изнесува најмногу 335.374,00 денари, од кои до 182.931,00 денари за фокус групи и 152.443,00 денари за јавна анкета.

Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: dnastevska@myla.org.mk со назнака– Апликација за спроведување на фокус групи и јавна анкета.

Кандидатите може да достават понуда за само една ставка, фокус групи или јавна анкета, при што ќе наведат во назнаката за доставување на документите преку е-маил.

7. Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Документација и портфолио- 60 бода
  • Понуден надомест за активноста – 40 бода
  • Вкупно 100 бода.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови. Рокот за аплицирање е заклучно со 31.08.2022 година. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, email: jarangelovik@myla.org.mk

Јавниот повик може да го преземете тука.

NO COMMENTS

POST A COMMENT