Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
untitled design 2022 08 04t114702.904

Соработка со Клубот на млади лекари во обработка на пријави  за прекршени здравствени права

По објавата на документарниот филм ,,Нечиста крв’’, во Истражувачката репортерска лабораторија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонскот здружение на млади правници, досега пристигнааповеќе од 150 пријави од граѓани за прекршување на здравствените права.  На заедничкиот тим, формиран за процесирање на случаите, од денеска се приклучи и Клубот на млади лекари со цел да ја понуди својата медицинска експертиза за сеопфатна обработка на предметите. Целта на оваа соработка е зајакнување на заедничкиот систематизиран пристап кон соодветно процесирање на пријавите од граѓаните.

Пријавите и доставените документи се разгледуваат детално и со должно внимание, а веќе почнавме да ги контактираме и граѓаните внесени во заедничката база на податоци.

Со оглед на големиот број пријави со кој се соочуваме по објавувањето на документарниот филм, нашите организации навремено ќе преземат дејствија и сите граѓани кои се обратиле ќе бидат контактирани во наредниот период. Тимот кој постапува по пријавите навремено и транспарентно ќе ја известува и ќе ја информира јавноста за сите преземени дејствија и мерки, а дополнително ќе го следиме и постапувањето на надлежните институции.

Воедно, ги охрабруваме и останатите граѓани со документацијата што ја поседуваат, да пријават во Хелсиншкиот комитет за човекови права или во Македонското здружение на млади правници:

ИРЛ – Булевар Илинден 47-2, 1000 Скопје; irlmacedonia@irl.mk.

Македонско здружение на млади правници – ул. Донбас 14-1/6; тел. 02/3220-870, моб. 072/223-963; лице за контакт: Весна Дишлиоска, vdislijovska@myla.org.mk.

Хелсиншки комитет за човекови права – ул. Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје; 02/3119-073 и 072/278-436; лица за контакт: Наташа Петковска natasha.petkovska@mhc.org.mk; Ина Џугуманова ina.dzugumanova@mhc.org.mk; Тона Карева tona.kareva@mhc.org.mk; Славица Анастасовска slavica.anastasovska@mhc.org.mk.

NO COMMENTS

POST A COMMENT