Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик

за 2(две) експертски позиции за подготовка на секторска анализа за управување и одржливо користење на шумите

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климата“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe,  Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП за објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За 2(две) експертски позиции за подготовка на секторска анализа за управување и одржливо користење на шумите

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Втората посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво на емисии, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

  1. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден за подготовка на анализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите, која ќе биде водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област.

Со анализата треба да се изврши прибирање на податоци, мапирање, правна процена на националното и меѓународното законодавство и регулатива, за да се обезбеди јасна систематизација на релевантната регулатива и  да се идентификуваат обврските на државните институции поврзани со  секторот за управување и одржливо користење на шумите.

За подготовка на анализата ќе се ангажираат двајца експерти, еден технички и еден правен експерт.

3. Опис на работни задачи (технички експерт)

  • Истражување и прибирање на информации преку користење на информатички алатки за пребарување;
  • Користење на расположливи информации и други постоечки документи (извештаи, анализи и слично) кои се јавно достапни на веб страните на различни организации/институции кои работат во областа на управување и одржливо користење на шумите РСМ;
  • Подготовка и поднесување барања за слободен пристап до информации од јавен карактер;
  • Спроведување на три до пет интервјуа со претставници на институции кои работат  во областа на управувањето со природни ресурси;
  • Селектирање на прибраните информации за подготовка на анализата  и
  • Споделување на сите информации и документи со правниот експерт за заедничко конципирање на анализата

Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Високо образование од областa на природните науки;
  • Работно искуство од најмалку 5 години од областа на управување и  одржливо користење на шумите;
  • Развиени истражувачки и аналитички способности;
  • Одлични комуникациски способности и
  • Искуство во подготовка на анализи, истражувања, прирачници, програми и слично.

4. Опис и работни задачи (правен експерт)

  • Мапирање на националните закони, подзаконски акти  и други  документи (планови, програми, стратегии) поврзани со управување и одржливо користење на шумите;
  • Идентификување на надлежните институции одговорни за спроведување на законите и можни поклопувања на надлежностите;
  • Развивање на матрица за оцена дали се донесени и објавени предвидените стратегии, планови и програми и дали нивното спроведување има соодветен надзор;
  • Процена на предизвиците при спроведување на домашните закони;
  • Мапирање и процена на релевантните документи и стандарди на ЕУ;
  • Утврдување на степенот на хармонизација на македонското законодавство со ЕУ аквисот;
  • Идентификување на воспоставените стандарди од страна на Европскиот суд на правдата и
  • Споделување на сите информации и документи со техничкиот експерт за заедничко конципирање на анализата.

Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Високо образование од областа на правните науки;
  • Работно искуство од најмалку 5 години на правни работи и најмалку 2 години искуство  од областа  на животната средина;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Развиени истражувачки и аналитички способност и
  • Искуство во подготовка на анализи, истражувања, прирачници; програми и слично.
  1. Временска рамка и надомест

Временската рамка за подготовка на анализата е заклучно со 01.09.2022 година. Надоместот се определува согласно доставените финансиски понуди, најмногу до вкупен бруто износ од 121.950,00 денари за финансискиот експерт и најмногу до вкупен бруто износ од 121.950,00 денари за правниот експерт.

Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија(CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход),  со прилог примерок или активен линк од најмалку 5 подготвени анализи, истражувања, прирачници, програми и слично. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта:  со назнака – Апликација за секторска анализа – правен експерт или – Апликација за секторска анализа – технички експерт. E-mail за доставување на документи: dnastevska@myla.org.mk

  1. Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Целосно исполнување на критериумите од точка 3 за техничкиот експерт и точка 4 за правниот експерт од овој оглас – 70 бода
  • Понуден надомест за активноста – 30 бода
  • Вкупно 100 бода.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

Рокот за аплицирање е заклучно со 06.06.2022 година.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, e-mail: jarangelovik@myla.org.mk

Јавниот повик можете да го преземете тука.

Проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени” е финансиски поддржан од страна на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка -Sida. Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на донаторот и владата на Шведска.

NO COMMENTS

POST A COMMENT