Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Приватност на интернет и заштита на личните податоци – предавања за средношколци

Во текот на март 2022 година, врз основа на потпишан меморандум за соработка со три средни училишта, МЗМП одржа шест предавања на тема „Приватност на интернет и заштита на личните податоци“. По две предавања се организираа во училиштето „Васил Антевски Дрен“ и Меѓународното училиште „НОВА“ во Скопје, како и две во Гевгелија во СОУ „Јосиф Јосифовски“.  Предавачите Арбен Гудачи, Офицер за заштита на лични податоци во МЗМП и Маја Атанасова, правник во МЗМП разговараа со средношколците и нивните наставници за препознавањето и заштитата на личните податоци, родово базираното насилство во онлајн просторот, како и начините на постапување во случај на повреда на правата. 


Целта на предавањата, покрај запознавањето со овие теми, е и изработка на Механизам за заштита и пријавување на повреда на лични податоци и/или онлајн насилство. Активностите целат кон креирање на Декларација за нулта толеранција во училиштата за повреда на лични податоци и онлајн насилство, која училиштето ќе ја потпише и објави пред учениците. Според Агенцијата за заштита на личните податоци, во 2020 година најголемиот број на претставки поднесени пред Агенцијата се однесувале на злоупотреба на личните податоци на интернет: отвoрање на лажни профили, хакирани профили, објавување на туѓи фотографии, аудио и видео снимки без дозвола. 

Активностите се спроведуваат во рамки на проектот „Твојата приватност е твоја слобода“ што МЗМП го спроведува со финансиска поддршка од Американската адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото (АБА РОЛИ).

NO COMMENTS

POST A COMMENT