Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК за техничка поддршка и модерирање на онлајн настани

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За техничка поддршка и модерирање на онлајн настани

  1. Општи информации за проектот

Општата цел на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Проектот се стреми кон (1) поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климата, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво и (2) подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво емисии на јаглен, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

За остварување на поставените цели, Проектот во себе вклучува три типа на активности: (1) градење на капацитетите на граѓанските организации, (2) директна помош за граѓанското општество и (3) подигнување на јавната свест и работа на политики.

Активностите за градење на капацитетите на граѓанските организации опфаќаат сет на обуки и обезбедување правна и менторска поддршка.

  • Опис на активноста предмет на овој повик

Целта на ангажманот е техничка поддршка на проектниот тим во организирање и спроведување на 6 (шест) дводневни онлајн обуки. Заради исполнување на целта на ангажманот, лицето треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • По насоките на Проектниот офицер и во согласност со потребите за секоја онлајн обука, да закаже ZOOM состаноци со соодветните прилагодувања;
  • Да даде предлог за користење на онлајн алатки за интерактивност на учесниците за време на обуките;
  • Да ги започне закажаните ZOOM состаноци и да ја следи техничката функционалност на состаноците
  • Да обезбеди логистичка и техничка поддршка за време на настаните (решавање на евентуалните технички проблеми со кои би се соочувале учесниците);
  • Да обезбеди логистичка и техничка поддршка на предавачите во текот на траењето на онлајн обуката (ZOOM и алатки/платформи за интерактивност на учеснциите);
  • Да изготви краток извештај од онлајн настаните кои ќе вклучуваат податоци за бројот на учесници, слики од настанот (screenshot) и дневниот ред на настанот
  • Потребни квалификации

Лицето за техничка поддршка и модерирање треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Доколку се работи за правно лице:
    • Друштво, здружение или фондација основано согласно важечките законски прописи и постои најмалку 3 години
    • Најмалку 5 (претходно) организирани/модерирани онлајн настани преку ZOOM платформата
  • Доколку се работи за физичко лице:
    • Најмалку 5 (претходно) организирани/ модерирани онлајн настани преку ZOOM платформата
  • Временска рамка и надомест

Обезбедувањето на техничка поддршка и модерирање ќе се спроведува во периодот од 11ти април  до 31ви мај 2022 година. Точните датуми на одржување на обуките ќе бидат дополнително утврдени. Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот ќе бидат уредени со договор за вршење на услуги.

Техничката поддршка и модерирање ќе се обезбедува во траење од 2 (два) дена за секоја од предвидените 6(шест)  онлајн обуки. Надоместот за секој работен ден не може да надминува бруто износ од 6.097,00 денари. Исплатата ќе се изврши по доставување на извештајот за спроведена онлајн обука и евиденцијата на изработени работни часови и нивно одобрување од Проектниот офицер.

Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

  • За правни лица:
    • Тековна состојба
    • Портфолио за организирани онлајн настани на друштвото/организацијата
  • За физички лица:
    • Кратка биографија (CV)
    • Листа на организнирани онлајн настани

Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: dnastevska@myla.org.mk, со назнака – Апликација за техничка поддршка и модерирање на онлајн настани

  • Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведување на организирање и спроведување онлајн настани – 70 бода
  • Понуден надомест за активноста – 30 бода

Вкупно 100 бода

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови. Рокот за аплицирање е заклучно со 31.03.2022

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

За дополнителни прашања во врска со повикот можете да се обратите на телефонскиот број (02) 3220 870, лица за контакт: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ и Бојан Трпевски

NO COMMENTS

POST A COMMENT