Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за учество во Програма за практикантска работа за млади правници

 

Во рамките на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, се објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа за млади правници. Програмата има за цел континуирана и подобрена едукација на младите правници во областа на правната заштита на човековите права.

Во периодот од ноември 2016 до јуни 2017 година, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Штип, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Струмица. Кандидатите се замолуваат при аплицирањето задолжително да го наведат градот во кој се заинтересирани да ја обавуваат праксата.

Услови за учество:

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршени три години од студии по право (180 кредити);
  • Да покажат интерес во областа на човековите права;
  • Основни познавања од областа на заштита на човекови права;
  • Познавање на англиски јазик;

Од кандидатите се очекува спремност да се обврзат за учество во текот на целокупното траење на циклусот од два месеца практикантство.

За учесниците во програмата предвиден е фиксен месечен паричен надомест.

МЗMП ги повикува сите заинтересирани, проактивни млади правници (вклучувајќи и студенти на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и мотивационо писмо (не подолго од една страна), на електронската адреса: contact@myla.org.mk или на ул. Златко Шнајдер 4a-1/3,1000 Скопје, најдоцна до 20 октомври година.

За повеќе информации можете да го прочитате повикот кој е во прилог или слободно да ни поставите прашање  на contact@myla.org.mk.

capture

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.