Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Тркалезни маси

Регионална средба на невладини oрганизации

“Азилот и миграцијата- регионални предизвици и НВО добри пракси”

одржана од 15-17 Декември во Скопје

 

Во рамките на проектот “Правна помош и застапување на лицата од интерес” Македонското здружение на млади правници (МЗМП) секоја година организира тркалезни маси кои се однесуваат на одделни прашања од областа на азилот и миграцијата, релевантни за да бидат дискутирани во земјата и пошироко.

Претходните тркалезни маси беа на тема: “Непридружуваните малолетници во миграциските движења” и“Враќање на барателите на азил согласно принципот на трета безбедна земја”. Од страна на инволвираните страни тие беа оценети како доста успешни, а тоа е видливо и од промените кои настанаа во процесот на одлучување на надлежните институции по одржувањето на споменатите тркалезни маси.

Оваа година тркалезната маса беше на тема: “Азилот и миграцијата- регионални предизвици и НВО добри пракси”. Идејата произлезе од иницијативата на УНХЦР и ИОМ да асистираат на земјите од Западен Балкан во градењето на нивните сензитивни системи на заштита. За таа цел, регионална средба помеѓу невладините од Западен Балкан вклучувајки невладини организации од Грција и Турција беше повеќе од потребна со цел да се дискутира за улогата која можат да ја имаат невладините во градењето на сензитивните системи на заштита во нивните земји како и пошироко.

Претставници на невладините од Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Грција и Турција, претставници на Бирото на УНХЦР за Европа, претставници од канцеларијата на УНХЦР во Скопје, канцеларијата на ИОМ во Скопје присуствуваа на настанот. Невладината организација од Бугарија го поддржа настанот, но го откажа своето присуство на настанот поради нивната преголема ангажираност околу проблемот со приливот на бегалци од Сирија во земјата. Претставниците имаа свои излагања за праксата во нивните земји во однос на барателите на азил, миграциските движења, како и проблемот на идентификување на жртвите на трговија на луѓе во миграциските движења.

На крајот на средбата беа идентификувани главните предизвици за НВО секторот во областа на мешаните миграциски движења и состојбата со бегалците во земјите од Западен Балкан што резултираше со заклучок дека е потребно регионално поврзување и соработка помеѓу невладните во оваа област.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.