Сеп
23
2016
Пристапот до правда и остварувањето на правото на бесплатна правна помош во РМ
Пристапот до правда и остварувањето на правото на бесплатна правна помош во РМ беше темата на настанот кој вчера, на 22.09.2016 се одржа во рамки на проектот Tри права за граѓаните: пристап до информации, совети и активна помош, имплементиран во рамки на Програмата за партнерство на Европската Комисија за граѓански организации.
На темата говореа Елена Георгиевска, правник во МЗМП, Гоце Коцевски, проектен менаџер на USAID Defending Human Rights Project, Бисера Митиќ, адвокат, Александра Богдановска, извршна директорка на Коалиција сите за правично судење и Елена Костовска, координатор за социјални работи во НВО ЛИЛ.