Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Покана за годишно собрание на МЗМП – 14.11.2016

Македонското здружение на млади правници (“МЗМП“) со задоволство ги поканува членовите на здружението на Собрание кое ќе се оддржи на 14 ноември 2016 година (понеделник), со почеток од 18.00 часот.

На собранието се предлага да бидат разгледани следните точки на дневен ред:

  • Усвојување на предлог дневниот ред;
  • Избор на работни тела на собранието;
  • Презентација на работата на МЗМП
  • Презентација на предлог одлука за измена на Статутот на МЗМП поради промена на седиштето на МЗМП;
  • Гласање по предлог одлуката за Измена на Статутот
  • Презентација на кандидатите за избор на член на Управен Одбор на МЗМП
  • Презентација на кандидатите за избор на Претседател на МЗМП
  • Избор на членoви на Управен Одбор и Претседател на МЗМП;
  • Разно.

Кандидатурите за 1) за членови на Управниот Одбор на МЗМП и 2) за Претседател на МЗМП можат да бидат поднесени во текот на наредните осум (8) дена, заклучно со 9 ноември 2016 година. 

Кандидатите за членови на Управниот Одбор на МЗМП е потребно да ги исполнуваат условите предвидени со член 24 од Статутот на здружението и тоа:

– “За член на Управниот одбор на МЗМП може да биде избрано лице кое е член на МЗМП најмалку шест (6) месеци.

– Кандидатите за членови на Управниот одбор до Управниот одбор ја поднесуваат својата кандидатура со доставување на кратка биографија, предлог програма за работа за време на својот мандат и писмена поддршка на својата кандидатура од најмалку пет (5) членови на МЗМП со право на глас на собранието. Некомплетните кандидатури нема да бидат разгледувани.

– Секој член може да поддржи најмногу четири (4) кандидати за членови на Управниот одбор.“

Кандидатите за Претседател на МЗМП е потребно да ги исполнуваат условите предвидени со член 32 од Статутот на здружението и тоа:

– “За Претседател на МЗМП може да биде избрано лице кое е член на МЗМП најмалку шест (6) месеци, активно учествувало во работата на МЗМП и не е член на управните органи на друго здружение или фондација. 

– Кандидатите за Претседател на МЗМП се пријавуваат на јавен оглас кој се објавува до членството со доставата на покана за одржување на Собрание на МЗМП.

– Кандидатор за Претседател на МЗМП е должен да достави кандидатура во рокот одреден во јавниот оглас од став 3 од овој член. Кандидатурата за Претседател на МЗМП треба да содржи кратка биографија на кандидатот, предлог програма на активности за време на мандатот и писмена поддршка на кандидатурата од страна на најмалку десет (10) членови на МЗМП со право на глас на собранието. 

– Секој член може да ја поддржи кандидатурата на најмногу двајца (2) кандидати за функцијата Претседател на МЗМП.“

Кандидатурите треба да се достават до е-маил адресата на здружението contact@myla.org.mk, или лично во просториите на МЗМП на адреса ул. “Златко Шнајдер” 4А/1-3 во Скопје. Формуларите за поддршка на кандидат за Управен одбор или претседател може да ги добиете по e-mail по Ваше барање.

Дополнително, Ве информираме дека можете да ги доставите Вашите предлози за дополнување на Предлог-дневниот ред (доколку ги имате) на е-маил адресата contact@myla.org.mk најдоцна до 10 ноември 2016 година.

Би сакале да нагласиме дека можност да поддржат кандидати и да гласаат на собранието ќе имаат само оние членови кои до 9 ноември 2016 година ќе ја подмират годишната чланарина во износ од 600,00 денари. Уплата на годишната чланарина може да извршите на следната жиро сметка: 210 -0594420101-90,  НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Доколку не сте сигурни во Вашиот тековен статус во членство, проверете со контакт на ikantardjiski@myla.org.mk или на телефонскиот број +389 2 3220 870.

Ве известуваме дека дополнително ќе Ви бидат доставени предлог Одлуката за измена на Статутот на МЗМП и кандидатурите од кандидатите за членови на органите на МЗМП. Исто така локацијата на собранието ќе биде објавена наскоро.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.