Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ТРЕТА СТРАНА ДО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СЛУЧАЈОТ А.А. И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 29 јуни 2017 година, Македонско здружение на млади правници (МЗМП) поднесе писмени забелешки како интервенција на трета страна до Европскиот суд за човекови права во случајот А.А и други против Република Македонија (Апликација Бр.55798/16).

Случајот беше инициран од страна на 8 апликанти од Сирија, Ирак и Авганистан кои беа присилно вратени назад во Грција од страна на македонските власти на 14 март 2016 година, кои тврдат дека нивното враќање е колективно присилно враќање без испитување на индивидуални околности и без пристап до ефикасен правен лек, спротивно на Член 4 од Протоколот 4 и Член 13 од Конвенцијата.

European_Court_of_Human_Rights,_2010

Апликантите биле дел од таканаречениот “Марш на надежта” кој се случил на 14 март 2016 година, кога најмалку 1500 бегалци и мигранти излегле од бегалскиот камп во Идомени, Грција и ја преминале границата во Македонија во близина на селото Моин. Подоцна истата вечер, речиси сите бегалци и мигранти кои влегле во државата како дел од оваа група, биле вратени во Грција од страна на македонските власти.

Апликантите се застапувани од Г-дин Карстен Герике, со поддршка од Европскиот центар за уставни и човекови права и ProAsyl. Резиме од апликацијата и понатамошни информации во однос на случајот можат да бидат најдени во Извештајот за случаи на ЕКЧП.

Имајќи ги предвид систематските практики на присилно враќање на бегалците, спроведени од страна на македонските власти е надвор од било која процедура пропишана со закон и претставува непочитување на основните права и слободи на бегалците загарантирани во националното и меѓународното право идентификувани од МЗМП во 2016 и 2017 година. Целите на писмените забелешки се трикратни.

Прво, интервенцијата овозможува преглед на гаранциите пропишани од македонското право за процедурите за депортирање и враќање. Второ, тие претставуваат фактички приказ на настаните што се случија на 14 март 2016 година во близина на селото Моин, во кои беа вклучени македонските власти, во кои адвокатите на МЗМП присутни на локацијата беа сведоци. Трето, ги истакнува наодите на МЗМП во однос на систематските практики на присилно вратените бегалци/мигранти спроведени од страна на македонските власти од 2015 година.

Целиот текст за интервенцијата на трета страна можете да го прочитате тука:MYLA Third Party Internvention AA and Others v MKD (29.06.2017) 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.