Јавен повик за 2 (две) експертски позиции за изработка на тренинг модул и спроведување на обуки

Македонското здружение на млади правници за потребите од спроведување на проектот ”Заштита на правата на децата во кривични и граѓански постапки” поддржан од страна на УНИЦЕФ Македонија, објавува јавен повик за 2 (две) експертски позиции за изработка на тренинг модул (програма и содржина) и спроведување на три обуки.

1. Опис и цели на проектот
Проектот има за цел да ја подобри заштита на правата на децата во кривичните и граѓанските постапки преку зајакнување на капацитетите на судиите, јавните обвинители и адвокатите во следните области:
1) ОН Конвенција за правата на детето, 2) кривично правна заштита на децата жртви и/или сведоци на насилство, вклучително посебни процесни заштитни мерки, еднаквост на оружјата, надомест на штета, меѓу- секторска и мулти-институционална соработка, 3) психологија на деца и адолесценти, 4) социјална педагогија, 5) социјална работа со деца, 6) криминологија со фокус на виктимизација на деца, 7) постапување во случаи каде постоело психичко насилство, врсничко насилство и насилство сторено преку интернет.

2. Опис на предложените позиции
Еден (1) експерт во областа на кривично право Еден (1) експерт во областа на социјална заштита

Работни задачи:
– Подготовка на тренинг модул наменет за судии, јавни обвинители и адвокати за развивање вештини за интервјуирање на деца сведоци и жртви на насилство;
– Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на тренинг модулот;
– Преглед на постоечки тренинг модули на релевантната тема;
– Дефинирање на временска рамка за подготовка на тренинг модулот;
– Спроведување на три обуки за судии, јавни обвинители и адвокати за развивање вештини за интервјуирање на деца сведоци и жртви на насилство

Број на работни денови: 13
Временска рамка 05.10 – 15.11.2018 година

Потребни квалификации:

Завршено високо образование во областа на:
– правото (експерт во областа на кривично право)
– социјална работа и политика или сродни науки (експерт во областа на социјална заштита)
– Најмалку 5 години работно искуство за секој експерт во поединечните области
– Напредни истражувачки и аналитички способности
– Искуство во изработка и подготовка на тренинг модули, стратегии, програми и искуство во спроведување на обуки ќе се смета за предност.

3. Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: contact@myla.org.mk со назнака за која позиција аплицира. Во прилог на CV-то, кандидатот треба да испрати примерок/линк од тренинг модулите и/или стратегиите, акциските планови, програми во чија изработка учествувал и спроведени обуки.

Рокот за аплицирање е до 02.10.2018 година, 16:30 часот.

Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат информирани писмено за натамошните активности.

 Повикот можете да го преземете на следниот линк: Јавен повик 28.09.2018