ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

 

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа на млади правници. Програмата има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права;
  • Основно познавање на англиски јазик.

Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци (јануари, февруари и март) 2020 година.

Во периодот од месец јануари, февруари и март 2020 година, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Куманово и  Тетово. За учесниците на Програмата е предвиден фиксен месечен надоместок.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат потполнет формулар (во прилог), на електронската адреса amarkovska@myla.org.mk  или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 25.12.2019 година.

Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Северна Македонија, Народниот правобранител, граѓански организации и адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува проектниот тим).

Дополнително, покрај практикантската работа учесниците задолжително посетуваат една дводневна обука на следните теми:

  1. практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  2. вештини за барање на работа во правната професија и
  3. сензибилизација

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

 

Целосниот повик може да го преземете на: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРАКТИКАНТСКА ПРОГРАМА

Прилог: ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ