Јавен повик за експерти за изработка на прирачник за практични правни вештини

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во  Македонија”, поддржан од Aмбасадата на Кралството Холандија на 10.09.2018 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
За ангажирање двајца (2) експерти за изработка на прирачник за практични правни вештини

1. Опис на проектот
Проектот има за цел да ги зајакне професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија. Специфичните цели на проектот се да се подобрат вештините за наоѓање на работа на младите правници по нивното дипломирање, да се подобри знаењето на младите правници за практичните правнички вештини и основните етички вредности на правната професија, како и да се сензибилираат младите правници за правните потреби на најмаргинализираните групи во општеството (сиромашни граѓани, Ромите, лицата со попреченост, ЛГБТИ заедницата, жртвите на насилство итн.). Покрај спроведување на практикантска програма, проектот има замислено воспоставување на тренинг програма за која е потребно изработување на прирачник кој ќе ги содржи главните теми на кој овој проект се фокусира.

2. Опис на предложените позиции
Два (2) експерти од областа на правото и правните вештини
3. Работни задачи
Главна задача за двајцата експерти е развивање на прирачник за практични правни вештини кој ќе опфаќа дефиниции, насоки и примери за клучните вештини кои секој правник треба да ги поседува како на пример правно пишување, говорење, интервјуирање и советување, вештини за учество на судење, правно резонирање и аргументација, правно истражување и етички аспекти на правната професија.

Експертите е потебно:
 да ја утврдат методологија за изработка на прирачникот кој ќе биде прилагоден на тренинг програмата предвиден за спроведување на практикантската програма,
 да изработат текстови на темите споменати погоре во текстот,
 идентификување на релевантна литература за подготовка на прирачникот, и
 изработка на финален прирачник.

Број на денови: 20 (за секој експерт по 10 дена)

Временска рамка: 18.09.2018 до 01.10.2018

4. Потребни квалификации
 Завршено високо образование во областа на правото,
 Најмалку 4 години искуство во областа на правото и негова практична примена,
 Напредни истражувачки и аналитички способности,
 Искуство во пишување на прирачници ќе се смета за предност.

5. Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на кратка биографија на следниот е-маил: skjoseva@myla.org.mk со назнака за јавниот повик на кој аплицира. Во прилог на кратката биографија кандидатот треба да испрати примерок/линк од прирачниците, практикумите и други учебни помагала кои ги изготвил или учествувал во нивна подготовка.

Рокот за аплицирање е до петок 14.09.2018 до 16:30 часот.
Успешните кандидати ќе бидат информирани писмено за понатамошните активности.