Јавен повик за доделување грантови на граѓански организации

Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации“, финансиски поддржан од Европската Унија,  на 15 октомври 2018 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување грантови на граѓански организации

Рок за поднесување на пријава: 15 ноември 2018, 16:30 ч

Со повикот ќе бидат поддржани акции кои придонесуваат кон зголемување на учеството на граѓанските организации во процесите на донесување закони, креирање на политики и носењето одлуки на локално и национално ниво. Повикот е наменет за граѓански организации кои ќе развијат идеи со кои се артикулираат проблемите и потребите на граѓаните и локалните заедници.

Повикот не ги ограничува  темите и областите на кои може да се однесуваат поднесените проекти, но од суштествено значење е тие да произлегуваат од мисијата и стратешките цели на граѓанската организација.

Времето за спроведување на проектот не може да биде пократко од шест месеци и подолго од една година. Спроведувањето на грантовите треба да започне на 1 јануари 2019 година. Вкупниот фонд за поддршка е 100.000 EUR. Минималниот износ на грант е 7.000 EUR додека максималниот е 10.000 EUR. 

Детални информации за повикот се содржани во документот во прилог.

Пријавата за грант се состои од:

Во прилог на пријавата задолжително се доставуваат и:

  • Тековна состојба од Централен регистар за апликантот и партнерите (доколку има партнери) не постара од шест месеци,
  • Кратки биографии за персоналот кој што ќе биде вклучен во проектот и
  • Годишен наративен извештај за работа и финансиски извештај (Биланс на приходи) за 2017 година.

Пријавите се доставуваат по електронски пат на следната адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 15.11.2018, 16:30 ч со назнака Пријава на јавен повик за доделување грантови.

Во рамки на овој повик, а заради информирање на граѓанските организации ќе се организираат три инфо денови, во Скопје, Штип и Битола кои ќе бидат промовирани на веб страницата на МЗМП.

Проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации“ е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2017/393-124 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016 – 2017. Проектот се спроведува во периодот од 1 јануари 2018 до 31 јуни 2020 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и Коалицијата Сите за правично судење.

Прилози:

Јавен повик за доделување грантови 

Упатство за буџетирање

Прилог 1 – Образец за пријавување

Прилог 2 – Образец за буџет