ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на правни експерти и еден експерт во областа на финансиите за изработка на анализа на пристапот до правда во РМ

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведувањето на проектот Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. NEAR-TS/2017/393- 525 на 28 ноември 2018 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на два (2) правни експерти и еден (1) експерт во областа на финансиите заради изработка на сеопфатна анализа на пристапот до правда во РМ

1. Општи информации за Проектот

Проектот Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. NEAR-TS/2017/393-525 во рамки на програмата EIDHR. Проектот го спроведуваат заеднички Македонското здружение на млади правници и Правниот информативен центар од Љубљана, Република Словенија. Проектот ќе се спроведува во периодот од 01.01.2018 до 31.08.2019 година. Општа цел на Проектот е да го зајакне пристапот до правда на најранливите граѓани во Македонија, со што ќе придонесе кон правно зајакнување на овие граѓани и нивните семејства и кон подобрување на законодавството и имплементацијата на постоечките механизми кои се однесуваат на пристап до правда. Резултатите кои се очекуваат да произлезат од проектот се: 1) справување со правните проблеми и прашања кои ги засегаат сиромашните граѓани и нивните семејства; 2) нивна зголемена свесност и познавања од областа на правото; 3) преглед на имплементацијата на важечкото законодавство кое се однесува на пристап до правда; 4) подобрена законодавна рамка од истата област.

2. Опис на активноста предмет на овој повик

Активноста за која е потребен експертскиот ангажман е насловена како 4.1 Изработка на сеопфатна студија за политики во областа на пристапот до правда во РМ. Клучна претпоставка за спроведување на квалтетни реформи во областа на пристапот до правда е достапноста до сеопфтани анализи и истражувања, засновани на докази, за различните механизми за олеснување на пристапот до правда (Правна помош во граѓански и управни работи; Задолжителна одбрана; Одбрана за сиромашни; Про боно правна помош; Помош на неука странка; Ослободување од плаќање на судски такси и трошоци на постапка итн). 

Расположливите анализи во оваа област вообичаено се фокусирани само на еден од посебните мехамизми или на одредена целна група. Иако овие  студии и стражувања имаат тесен фокус      даваат незаменлив увид  во посебните проблеми и предзвици кои го олеснуваат или отежнуваат пристапот до правда. Сепак, останува потребата да се анализира пристапот до правда како целина и особено меѓузасвисноста на одредените облици во кои ова право се остварува со цел да се избегне преклопување и да се идентификуваат  можностите за ефективен и трошочно ефикасен систем за пристап до правда во РМ. Со цел да одговори на оваа потреба Проектот предвидува изработка  студија за пристапот до правда во РМ.

 

  1. Цели и работни задачи

а. Два (2) правни експерти

Правните експерти ќе треба да ги извршат следниве работни задачи:

  • Канцелариско истражување (Desk research) и преглед и анализа на литература на расположливите извештаи, анализи, статистики, научни трудови и друга литература која се однесува на пристапот до правда со посебен фокус на документите  кои подготвени од UN, UNDP, CEPEJ, СоЕ и FRA;
  • Темелна правна анализа на сегашното законодавство кое се однесува на пристапот до правда. Законите треба да бидат анализирани од фомален аспект во однос на нивната јасност, прецизност, применливост и взаемна усогласеност како и од материјален аспект
  • Идентификување на потребите за посебни механизми за олеснување на пристапот до правда меѓу ранливите групи во општеството. Ова може да бие изработено преку увид во статистички податоци (Сиромаштија, судски статистики, правна помош) извештаи  од анкети, достапни анализи како и интервјуа и фокус групи со граѓански организации;
  • Изработка на наодите, заклучоците и препораките од спроведеното истражување
  • Учество на настаните за промоција на студијата

 

б. Еден (1) експерт во облата на финансиите

Работните задачи предвидени за оваа позиција вклучуваат изработка на финансиска анализа на фискалните импликации на механизмите за олеснување на пристапот до правда. Поединечните работни задачи кои треба да се изработат вклучуваат:

  • Прибирање и анализа на податоци кои се однесуваат за буџетските средства, планирани и искористени за бесплатна правна помош како и на статистики за бројот на случаи во кои била одобрена бесплатна правна помош и/или биле странките ослободени од плаќање на судски такси;
  • Изработка на формула за пресметка на просечен трошок по случај во кој е одобрена бесплатна правна помош;
  • Изработка на модел за проекција колкави би биле фискалните импликации од одредени предлог амандмани на постојните системи за бесплатна правна помош во однос на државниот буџет;
  • Изработка на делот од студијата која се однесува на фискалните импликации на пристапот до правда.

4. Права од интелектуална сопственост

Моралните права од авторските дело им се признаваат на авторот. Материјалните права од авторските дела, во смисла на Законот за авторско право и сродни права, ќе му се пренесат на нарачателот на начин и во опсег утврдени со договор.

5. Договор и обврска за известување

Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот ќе бидат уредени со договор за авторско дело. Ангажираните експерти ќе имаат обврска да доставуваат месечни извештаи за изработените работни задачи на англиски јазик и на обрасци доставени од Проектниот менаџер најдоцна до 5и од месецот за претходниот месец. Извештаите ќе се доставуваат до Проектниот менаџер на е-пошта: egeorgievska@myla.org.mk

  1. Временска рамка и плаќање

а. Два (2) правни експерти

Работниот ангажман ќе биде спроведен во 20 работни денови (од лице) во периодот од 10 декември 2018 до 28 февруари 2019. За секој работен ден предвиден е надоместкот од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност, според курсот на Проектот. Исплатата ќе се врши еднократно, за изработените денови, а по одобрувањето на извештајот од страна на Проектниот менаџер. 

б. Еден (1) експерт во облата на финансиите

Работниот ангажман ќе биде спроведен во 15 работни денови во периодот од 10 декември 2018 до 28  февруари 2019. За секој работен ден предвиден е надоместкот од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност, според курсот на Проектот. Исплатата ќе се врши еднократно, за изработените денови, а по одобрувањето на извештајот од страна на Проектниот менаџер. 

7. Профил и потребни квалификации

а. Два (2) правни експерти

  • Магистерска титула во областа на правото. Докторат во областа на правото ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање и користење на Англиски јазик. Поседување на меѓународно признат сертификат ќе се смета за предност;
  • Најмалку пет (5) години професионално искуство во спроведување на истражувања во областа на правото;
  • Напредно познавање на македонскиот правен систем особено во поглед на пристапот до правда;
  • Искуство во прибирање и анализа на квантитативни податоци,
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини.

 

б. Еден (1) експерт во областа на финансиите

  • Магистерска титула во областа на економијата и финансиите. Докторат ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање и користење на Англиски јазик. Поседување на меѓународно признат сертификат ќе се смета за предност;
  • Најмалку десет (10) години професионално искуство во областа на истражувачката работа,
  • Најмалку пет (5) години искуство во спроведување на финансиски анализи, анализи на фискални импликации или кост-бенефит анализи
  • Искуство во прибирање и анализа на квантитативни податоци,
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини.
  1. Пријавување, евалуација на биографиите и контакт лице

Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите наведени во точка 7 од овој повик потребно е да достават детална биографија во која ќе бидат наведени референци како и приложени документи со кои се потврдува исполнувањето на условите

Биографијата треба да се достави во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака за експертската позиција за која аплицираат. Рокот за аплицирање е 6 декември 2018 година до 16:30 ч.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Критериуми кои ќе бидат земени во предвид се: целосно исполнување на условите од точка 7 на овој повик и доставувањето на референци и документи од со кои се потврдува исполнувањето на овие услови. 

Контакт лице за овој повик е Елена Георгиевска, е-пошта: egeorgievska@myla.org.mk.

Повикот може да се преземе на следниот линк: Јавен повик Пристап до правда – Студија