Тренинг на млади правници и студенти за вовед во бегалското и миграционото право

Македонското здружение на млади правници одржа дводневна обука за млади правници под наслов „Тренинг на млади правници и студенти за вовед во бегалското и миграционото право“, настан поддржан од страна на Konrad Adenauer Stiftung – Rule of Law Program South East Europe.

dscn0674

 

На тренингот учествуваа 20 студенти и млади правници кои се членови на МЗМП и студентската организација ЕЛСА. Младите правници имаа можност да се информираат за бегалското право преку предавањата и вежбите одржани од страна на експертите на МЗМП во оваа област. Зоран Дранговски, правник од МЗМП, ги запозна учесниците со трендовите и движењата во врска со миграцијата, и тоа со договорите за реадмисија и тековните пракси, европската агенда за миграција и претстојните предизвици. Мартина Смилевска Кчева, претседател на МЗМП, направи преглед на националните и меѓународни инструменти за заштита на човековите права во областа на азил и бегалци, и правата на мигрантите и барателите на азил во текот на процесот на влез и прием; како и на законот за азил и привремена заштита и неговата практична примена.

dscn0816На обуката се зборуваше и за процесот на донесување одлуки на Министерството за внатрешни работи и во националните судови во постапката за азил. Иван Кочовски, правник од МЗМП, предаваше за посебниот третман на ранливите групи, како непридружуваните малолетни лица, жртвите на трговија со луѓе и самохраните мајки.  за Европската конвенција за човекови права во однос на азилот говореше Назиф Авди, правник од Македонското здружение на млади правници.

dscn0801