Резултати од конкурсот за „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“

Capture

Македонското здружение на млади правници во соработка со Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации во Скопје и Здружението на новинари на Македонија, ги објавува резултатите од конкурсот за „Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“. Победници на овогодинешниот конкурс се:

– Во категорија напис или серија написи:

I место припадна на Марија Тасев за написот под наслов „Во моето убаво Алепо сега има само барут и смрт“ објавен во дневниот весник Дневник  

II место припадна на Адмир Фазлагиќ од новинската агенција Anadolu Agency за написот под наслов „Слепиот сириски бегалец Леис: Музиката е мојот живот“

III место припадна на Мери Јордановска за написот под наслов „Заборавени на балканската бегалска рута“ објавен на интернет страницата Призма  

– Во категоријата емисија, прилог или краток документарец:

I место припадна на Милка Смилевска за прилогот под наслов Заглавени во меѓузоната објавен на телевизијата Aljazeera 

II место припадна на Искра Опетческа за прилогот под наслов Живот под отворено небо, секој 113 човек во светот е бегалец“ објавен на телевизијата ТВ21 

III место припадна на Лепа Џундева за прилогот под наслов Сириски уметник твори во прифатен центар“ објавен на телевизијата Алфа 

– Во категоријата фотографија:

I место припадна на Роберт Атанасовски за фотографијата под наслов Девојка со куфери објавена во агенцијата Frans Press и на интернет порталот МКД

II место припадна на Маја Златевска за фотографијата под наслов „Поглед“ објавена во дневниот весник Дневник

III место припадна на Томислав Георгиев за фотографијата под наслов Migrant Coldобјавена во неделниот весник Фокус

Им се заблагодаруваме на сите новинари и фоторепортери кои се пријавијa на објавениот повик за нивниот придонес кон информирањето на јавноста и подигнувањето на јавната свест на граѓаните за состојбата на бегалците во Република Македонија. Ги охрабруваме да продолжат со својата успешна работа.