Рабoтен сoстанок нa директорот на Академијата за судиии и обвинители со претставници на МЗМП

На (22 февруари) 2017 година, во просториите на Академијата, директорот на Академијата, г-ѓа Арнаудовска, оствари средба со новоизбраниот претседател, г. Зоран Дранговски и  претставници од Македонското здружение на млади правници во насока на интенизивирање на соработката помеѓу Академијата и релевантните Здруженија и НВО со цел зајакнување на ефикасноста на правосудниот систем во Република Македонија.

Директорот на Академијата, г-ѓа Арнаудовска, ја презентираше досегшната десетгодишна работа на полето на правдата во земјата, како и активностите кои во контиунитет се преземаат со цел подобрување на Програмите за почетната обука во Академија а воедно и Програмите наменети за контунирана едукација на судиите и јавните обвинители.

 

На состанокот беа разгледани можностите за заедничка соработката во делот на спроведување на обуки и настани кои ќе адресираат значајни теми од областа на правото, како и промоција на работата на Академијата и на Здружението, со фокус на учество на претставниците на Македонското здружение на млади правници во симулации на случаи кои ги спроведува Академијата во рамките на почетната обука, посебно симулации во однос на примената на Европската конвеција за човекови права. 
Размената на експерти и материјали се клучни за успешна реализација на заедничките активности за кои има можност да се разлизираат.
Во насока на поактивна промоција на Академијата и Здружениот на состанокот директорот на Академијата, г-ѓа Арнаудовска и претседателот, г. Дранговски ја разгледаа и можноста за заеднчки настап на деновите на кариера кои се одржуваат секоја година. 

На состанокот новиот претседател на Здружението, г. Дранговски, на Академијата и подари 6 публикации чии содржини обработуваат и анализираат значајни теми од областа на правото. 

Текстот е преземен од веб страната на Академија за судии и јавни обвинители.