Полугодишен извештај за практиките на задржување странци во Македонија од имиграциски причини (јануари-јуни, 2017)

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), со поддршка на Претставништвото на УНХЦР во Скопје и Европската Унија, објавува Полугодишен извештај за практиките на задржување странци во Македонија од имиграциски причини (јануари-јуни, 2017). Извештајот е резултат на активната работа на МЗМП од областа на заштитата на бегалци и мигранти кои се задржани од имиграциски причини.

Полугодишниот извештај содржи информации за профилот на задржаните лица, правниот основ за задржување, условите на задржување и пристапот до системот за азил кои се однесуваат на првиот шестмесечен период од 2017. Сите презентирани прашања имаат за цел послужат како индикатор за понатамошен развој на политиката и практиката во насока на заштита на правата на оние кои се задржувани од имиграциски причини во Македонија. 

Целосниот извештајот е достапен тука.