Покана за доставување понуди на повик- Специјалист за комуникации и односи со јавност

Македонското здружение на млади правници Скопје – МЗМП, со седиште на ул. „Златко Шнајдер“ бр.4А/1-3, во рамки на институционалниот грант на CIVIKA Mobitas објавува:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ НА ПОВИК
за набавка на услуги – ангажирање на:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМУНИКАЦИИ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) во рамки на институционалниот грант на CIVIKA Mobitas, има потреба од ангажирање на еден специјалист за комуникации и односи со јавност за фасилитирање на изработка на комуникациска стратегија и план за односи со јавноста.

1. ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ:
Македонско здружение на млади правници (понатаму во текстот МЗМП) е основано во 2004 година во отсуство на слична форма на самоорганизирање помеѓу младите правници. Во период на реформа на целокупниот судски систем, убедени дека истата ќе биде успешна единствено ако паралелно се развива потенцијалот на младите, МЗМП презема одговорност да ја фасилитира професионалната трансформација на младите прaвни кадри, кои понатаму ќе придонесат во ефективна имплементација на судските реформи и владеењето на правото во земјата.
Сопствената мисија МЗМП ја остварува преку овозможување на континуирана поддршка на младите правници кои учествуваат во различни проектни активности насочени кон унапредување на нивната правна експертиза. Дополнително, МЗМП се залага за лесен и достапен пристап до правда на граѓаните и други лица, овозможувајќи бесплатна правна помош за заштита на човековите права и слободи и поддршка на магинализираните групи во заедницата.
МЗМП овозможува експертиза и поддршка во стратешко застапување за човековите права преку овозможување на правна помош како пред домашни така и пред меѓународни тела за заштита на истите. Примарен интерес на МЗМП е промоција на принципите и правата предвидени со Европската конвенција за човековите права, преку застапување на одредени случаи пред Европскиот суд за човекови права. На овој начин сметаме дека допринесуваме кон поголемо почитување и примена на меѓународно прифатените стандарди за промомција и заштита на основните човекови права и слободи. Здружението спроведува голем број на проектни активности врзани со заштита на човековите права, заштита од дискриминација, овозможување на бесплатна правна помош, правна помош и застапување на баратели на азил и лица без државјанство итн.
Сите активности на МЗМП се водени од принципот Iuventus cupida legume (млади желни за правда)

2. РАМКА НА ЗАДАЧАТА:
2.1 Цели:
 Подобрена видливост на организацијата и брендот на МЗМП,
 Зголемување на препознатливоста на организацијата и
 Воспоставување систем на дисеминација на информации и пораки за работата на организацијата.

2.2 Очекувани резултати:
 Изготвена комуникациска стратегија на МЗМП и
 Акциски план за спроведување на истата

3. ДЕТАЛЕН ОПИС НА УСЛУГАТА:
• Интервјуа и анкети со вработените во МЗМП во врска со работата и целите на здружението,
• Советување за стратешката употреба на комуникациите во случајот на МЗМП,
• Идентификување на нови трендови и потреби во полето на комуникациите, кои се соодветни за работата на МЗМП,
• Препознавање и дефинирање на релевантни публики и соодветни начини за обраќање,
• Подготовка на комуникациска стратегија за МЗМП,
• Подготовка на акциски план со фази на имплементација,
• Идентификување и препораки за соодветни методи и активности кои ќе ја дефинираат и подобрат видливоста и препознатливоста на здружението (бренд, имиџ, пораки) и
• Развој на програма за градење на позитивна и соодветна слика за здружението.

4. ВРЕМЕНСКА РАМКА НА СПРОВЕДУВАЊЕ
Услугата треба да се испорача од 01.11.2016 до 15.11.2016 година.

5. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
 Осум (8) години работно искуство во комуникациите и односите со јавност
За предност ќе се смета значително искуство во невладиниот сектор
 Магистерски студии во областа на комуникациите и/или односите со јавност
 Одлично познавање на англискиот јазик

6. ПРАВНА ФОРМА НА АНГАЖМАНОТ
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) ќе склучи договор со избраните понудувачи за реализација на активностите и резултатите наведени во проектната задача.
7. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА
Понудата треба да содржи:

 Кратка биографија (CV)
 Листа на референци
 Финансиска понуда

8. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Изборот на добавувачот ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда. Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши евалуацијата и избор на понуда е следната:

 Кратка биографија 40
 Листа на референци 30
 Финансиска понуда 30
Вкупно бодови 100

9. УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето ќе биде извршено на принципот – 30 % по потпишување на договорот за испорака на услуги и доставување на финална методологија за работа, 70% по целосно извршување на услугите предвидени во овој повик.

10. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: contact@myla.org.mk.
Краен рок на доставување на понудите е вторник, 17.10.2016 до 16:30 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ:
Нита Чаволи
Офицер за комуникации
ncavolli@myla.org.mk
072/224-581

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите најдоцна до понеделник 16.10.2016 година до 16:30 часот.