Повик за новинари, уредници и фоторепортери за учество на работилница „Известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство“

 

Повик за новинари, уредници и фоторепортери за учество на работилница
„Известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство“ – 21 ноември 2019

 

Македонското здружение на млади правници во соработка со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР објавува повик за новинари и уредници на медиуми за учество на еднодневна работилница за известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство. Целта на работилницата е градење на капацитетите на медиумските работници на темите: 1) заштита и интеграција на бегалците и барателите на азил и 2) намалување и искоренување на бездржавјанството.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Застапување, обезбедување информации за постапката за азил, правна помош и застапеност на лицата од интерес на УНХЦР и превенција и намалување на бездржавјанство “.

Повикот е отворен за сите новинари, уредници и фоторепортери од Република Северна Македонија.

Учесниците на работилницата по нејзиното завршување ќе добијат можност индивидуално да аплицираат за грантови кои ќе се доделат за два типа медимско известување:

  1. ТВ видео сторија, со вклучена анимација/мултимедија. Апликантот за грант ја презема обврската сторијата да се емитува на телевизија или друга online платформа;
  2. Печатена сторија со професионална фотографија и аудио / мултимедијална содржина. Апликантот за грант ја презема обврската сторијата да се објави во печатен или медиум на интернет.

Бројот на грантови е ограничен, а нивната висина е:

  • 1500 долари за продукција на медиумски производи од првиот тип (ТВ видео сторија)
  • 700 долари за продукција на медиумски производи од вториот тип (печатена сторија)

Активностите околу создавањето на медимскиот производ може да започнат на датумот наведен во Договорот за грант, а треба да завршат најдоцна до 31 декември 2019 година.

 

Место и време за одржување на работилницата „Известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство“

21.11.2019 година (четврток) со почеток во 9 часот во Хотел АРКА, Скопје

Пријавување за учество на работилница

Формуларот за пријавување е достапен за преземање на: www.myla.org.mk

Пополнетиот формулар за пријавување на работилницата се доставува по електронски пат на: contact@myla.org.mk  

Рок за доставување : 19.11.2019 година до 16:00 часот.

Сите дополнителни информации во врска со доделувањето грантови ќе бидат споделени за време на работилницата. За грантовите ќе можат да аплицираат само професионални новинари, уредници и фоторепортери од Република Северна Македонија кои учествувале на работилницата „Известување за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство“ одржана на 21.11.2019 година.

Видливост и авторски права

Партнерите во проектот „Застапување, обезбедување информации за постапката за азил, правна помош и застапенност на лицата од интерес на УНХЦР и Превенција и намалување на бездржавјанство“ го задржуваат правото дополнително да ги објават продуктите од овој проект делумно, во целост или како референца на нивната веб-страница, социјалните мрежи или во нивните публикации, притоа почитувајќи ги правилата за авторски права.

 

Прилог:

Формулар за пријава