Оглас за вработување- правник за азил и мешани миграции

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Застапување, обезбедување информации за постапката за азил, правна помош и застапеност на лицата од интерес на УНХЦР” кој го спроведува заедно со канцеларијата на Високиот Комесаријат за бегалци во Скопје (УНХЦР) објавува оглас за вработување на правник за азил и мешани миграции.

Делокруг на работа:

  • Застапување на баратели на азил, бегалци и други лица од интерес во постапката за азил пред релевантните национални органи;
  • Обезбедување на директна правна помош за нови баратели на азил;
  • Асистирање при поднесување на барања за признавање на право на азил до МВР;
  • Подготвување на соодветни материјали поврзани со индивидуални случаи;
  • Подготвување на случаите за понатамошно правно постапување на Адвокатот пред релевантните судови;
  • Подготвување на ставови и правни мислења поврзани со идентификувани пропусти во постапката за азил;
  • Асистирање на новите баратели на азил при пополнување на писмени апликации за признавање на право на азил заедно со претставници на Одделението за азил;
  • Раководење со податоците кои што произлегуваат од предметите и да врши подготовка на податоци за потребите на проектниот офицер;
  • Предлагање на планови и подготовка на извештаи за посета на полициски станици, прифатни и транзитни центри и гранични премини;
  • Одржување на континуирана комуникација со државни институции, донаторот како и другите организации релевантни за успешно спроведување на активностите.

Квалификации:

  • Стручна подготовка – завршен Правен факултет
  • Искуство во правна професија најмалку 2 години
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик 
  • Одлично познавање на Word, Excel и Power Point
  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Активен возач (Б категорија)
  • Способност за работа во мултиетничка средина
  • Работа со маргинилизирани лица ќе се смета за предност
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност

 

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо.

Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 10 јануари 2019 до 16:00 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција и проектот. 

 

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе ги разгледа доставените апликации и во зависност од резултатите ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција. 

 

Договор за вработување:

 Со избраниот кандидат/ка МЗМП ќе склучи договор за вработување на определено време. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно.

Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. За работното место е предвидена бруто платата од 36.000,00 денари месечно. Работното место е во канцелариите на МЗМП во Шуто Оризари и Прифатен центар за баратели на азил во Визбегово или на друга локација определена од работодавачот.