ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРЕВЕДУВАЧ ОД ФАРСИ ЈАЗИК

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРЕВЕДУВАЧ ОД ФАРСИ ЈАЗИК

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Правна помош и застапување на лица од интерес на УНХЦР” објавува оглас за вработување на преведувач од Фарси јазик. Преведувачот ќе биде дел од тимот на МЗМП во Привремениот транзитен центар Винојуг и Привремениот транзитен центар Табановце.

Квалификации:

  • Минимум средно образование;
  • Одлично познавање на пишан и говорен фарси јазик;
  • Поседување на лиценца за овластен судски преведувач од Фарси ќе се смета за особена предност;
  • Одлично познавање на пишан и говорен македонски јазик;
  • Познавање на англиски јазик и друг странски јазик ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Активен возач (Б категорија);
  • Способност за работа во мултиетничка средина;
  • Минато работно искуство во сличен контекст ќе се смета за предност.

Делокруг на работа:

  • Преведување при директна комуникација со баратели на азил, бегалци и други лица од интерес на МЗМП;  
  • Преведување при спроведување на интервјуа со лицата од интерес;
  • Преведување на документи од Фарси на Македонски јазик, и од Македонски на Фарси јазик.

Дополнителни информации:

  • Работните активности се одвиваат во Привремениот транзитен центар Винојуг и Привремениот транзитен центар Табановце;
  • Работно време од 40 часа неделно;
  • Работникот се ангажира со полно работно време.

Ве молиме вашите биографии заедно да ги испратите на contact@myla.org.mk.