ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ- Менаџер за општи и административни работи

 ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, објавува оглас за вработување, за една работна позиција Менаџер за општи работи и администрација во времетраење од 7 месеци.

Работната позиција се огласува за потребите за спроведување на институционалниот грант Civica Mobilitas поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а имплементиран од NIRAS, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU). Институционалниот грант има за задача да ги развие организациони капацитети на МЗМП и асистира во процесите на менаџирање и комуникација.

Опис на работни задачи:

  • Спроведување на административни и финаниски задачи на проектот во согласност со правилата и политиките на донаторот и МЗМП;
  • Обезбедување навремено спроведување на планираните проектни активности кои се дел од институционалниот грант на Цивика;
  • Прием и администрирање на апликациите за членство во МЗМП;
  • Поддршка на работата на Управниот одбор на МЗМП преку присуство на состаноците на истиот и водење грижа за записниците, одлуките и спроведувањето на истите во пракса;
  • Поддршка на работата на Претседателот на МЗМП;
  • Административна поддршка на проектните менаџери во МЗМП;
  • Раководење со човечките ресурси на ниво на организацијата;

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на правото, економијата или друга соодветна област;
  • Одлични менаџерски и организациски способности;
  • Минимум 3 години работно искуство (волонтирање и стажирање се смета како соодветно работно искуство), предност имаат кандидатите со искуство во слични организации и на слични позиции како понудената;
  • Напредно познавање и користење на работен англиски јазик
  • Компјутерски вештини;
  • Способност за тимска работа;

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 26.07.2017, 16:30 часот. При доставувањето на апликациите Ве замолуваме мејлот да гласи: Апликација на позиција – менаџер за општи и административни работи.

 Постапка за избор на кандидат:

Комисијата за избор на кандидат ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Со квалификуваните кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат на кој ќе му биде понудена работната позиција. 

 Договор за вработување:

Со избраниот кандидат МЗМП ќе склучи договор за вработување на определено време во траење од 7 месеци. Договорот ќе содржи и т.н клаузула за пробна работа во траење од три месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Правата и обврските од договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. За работното место е предвидена бруто плата од 45 000 денари месечно. Работното место е во седиштето на МЗМП на ул. „Донбас“ бр. 14-1/6, Скопје.