ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ- Асистент за менаџирање на информации

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, објавува оглас за вработување, за една работна позиција „Асистент за менаџирање на информации.

Работната позиција се огласува за потребите за спроведување на проектот “Застапување, обезбедување информации за постапката за азил, правна помош и застапеност на лицата од интерес на УНХЦР” поддржан од канцеларијата на УНХЦР во Скопје, а кој е спроведуван од Македонското здружение на млади правници.

Опис на работни задачи:

  • Прибирање, внесување и сортирање на податоци;
  • Подготовка на статистички податоци за изготвување на извештаи и анализи;
  • Изготвување на графици и графикони поврзани со прибраните и селектирани податоци;
  • Изготвување на инфографици;
  • Работа во Excel и компјутерска поддршка;
  • Обезбедување навремено спроведување на планираните проектни активности;
  • Поддршка на работата на Проектниот Менаџер и Офицер.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование;
  • Минимум 2 години работно искуство (волонтирање и стажирање се смета како соодветно работно искуство), предност имаат кандидатите со искуство во слични позиции како понудената;
  • Напредни компјутерски вештини, сортирање податоци, напредна работа во Excel, солидни познавања во изготвување на инфографици и сортирање податоци;
  • Напредно познавање и користење на работен англиски јазик;
  • Способност за тимска работа;

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk, најдоцна до 26.01.2020 година. При доставувањето на апликациите Ве замолуваме мејлот да гласи: Апликација за позиција – Асистент за менаџирање на информации.

Постапка за избор на кандидат:

Комисијата за избор на кандидат ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Со квалификуваните кандидати ќе биде спроведено интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат на кој ќе му биде понудена работната позиција.

Договор за вработување:

Со избраниот кандидат МЗМП ќе склучи договор за вработување на определено време во траење од 11 месеци. Договорот ќе содржи и т.н клаузула за пробна работа во траење од три месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Правата и обврските од договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. За работното место е предвидена бруто плата од 36.000 денари месечно. Работното место е во канцеларијата на МЗМП во Шуто Оризари, Скопје.

Целосниот повик може да го преземете на: ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ- Асистент за менаџирање на информации