ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ТЕРЕНСКИ СОРАБОТНИК

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, објавува оглас за вработување, за една работна позиција (Теренски соработник) во времетраење од 12 месеци.

Проектот “Превенција и намалување на бездржавјанството” кој МЗМП го спроведува со Канцеларијата на Високиот Комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) има потреба од теренски соработник, како дел од тимот на МЗМП за заштита на лица во ризик од бездржавјанство. За својата работа, теренскиот соработник е потребно да го известува Правникот за бездржавјанство и Проектниот офицер.

Канцeлариите во кои ќе ги обавува работните задачи се наоѓаат во Шуто Оризари- Скопје.  Теренскиот соработник ќе ги обавува своите активности врз основа на претходно  утврден распоред на работни задачи, 20 работни часа неделно ( по четири часа дневно) присуство во канцелариите на МЗМП и по потреба на терен на територија на Република Македонија. Надзор врз неговата работа ќе врши Проектниот менаџер/Офицерот за заштита. Во рамките на извршувањето на своите работни задачи, теренскиот соработник  е потребно да соработува со лицата од интерес (лица без државјанство или во ризик од бездржавјанство), релевантните државни институции и др.

Опис на работни задачи:

 Работните задачи кои теренскиот соработник ќе ги врши се следните:

  • Навремено и квалитетно спроведување на активностите предвидени со проектот и во согласност со зададените рокови;
  • Да поднесува извештаи за својата работа на правникот и проектниот офицер;
  • Да врши идентификување на лица без државјанство и да собира информации во врска со нивните случаи, да им помага во пополнувањето на прашалник и полномошно за нивните случаи, како и пополнување на други поднесоци кои е потребно да се поднесуваат до надлежните институции;
  • Теренска посета на лица од интерес на локации каде што живеат ( Скопје и други градови низ Македонија);
  • Да изготвува извештаи за теренските посети;
  • Да  прибавува документи за потребите на WE BLAN членките (во матичните служби во Скопје и МВР Скопје);
  • Да прибавува информации за потребите на проектот;
  • Да соработува со локалните државни институции, ромски информативни центри, НВО и др ;
  • Да врши други работни задачи со кои ќе биде задолжен од страна на МЗМП.

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование (високо образование ќе се смета за предност)
  • Најмалку една година искуство во работа на проекти во НВО (работата со маргинализирани групи ќе се смета како предност);
  • Возачка дозвола Б категорија (најмалку две години активен возач)
  • Одлични организаторски способности:
  • Познавање на Ромски јазик (дополнително, познавањето на албански и англиски јазик ќе се смета за предност)
  • Способност за работа како дел од тим.

Дополнителни информации:

За оваа позиција е предвиден месечен бруто хонорар од 15 000 денари.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на англиски јазик и мотивациско. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk со назнака “Апликација за теренски соработник” најдоцна до 03.01.2018 година. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција и проектот.