Одржана обука за Стандардни оперативни процедури за постапување во случаи на сексуално и родово базирано насилство

Во периодот од 28 февруари до 2 март 2018 во Струмица се одржа обука на тема “Стандардни оперативни процедури за постапување во случаи на сексуално и родово базирано насилство (SGBV)”. Обуката имаше цел да ги зајакне капацитетите на теренските работници од различни институции и организации во Р. Mакедонија кои работат со ранливи категории на лица – странци и е последна од вториот циклус на обуки кои ги спроведува Македoнското здружение на млади правници во рамките на проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите. На учесниците, МЗМП им додели сертификати за успешно завршен циклус на обуки за имплементација на Стандардните оперативни процедури кои се однесуваат на постапување со странци во Република Македонија.