Обука за СОП за постапување со непридружувани малолетници странци

Во тек е обука на тема “Стандардни оперативни процедури за постапување со непридружуваани малолетници-странци” која се одржува во период од 26 до 28 Септември 2019 во хотел Гранит во Охрид. На обуката присуствуваат претставници од Центарот за управување со кризи, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, претставници од Специјалната единица за борба со трговија на луѓе и криумчарење мигранти при МВР(Task Force), претставници на мобилните тимови за борба против трговија со луѓе како и претставници на меѓународните и национални невладини организации. 

Обуката има за цел да ги зајакне капацитетите на теренските работници од различни институции и организации во Р. Mакедонија кои работат со ранливи категории на лица – странци и е втора обука од третиот циклус на обуки кои ги спроведува Македoнското здружение на млади правници во рамките на проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите.