Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес

Во средата, на 21.09.2016, Македонското здружение на млади правници одржa конференција на тема “Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес”.
img_6101
На настанот говореа г-дин Мухамад Ариф, претставник на канцеларијата на УНХЦР во Република Македонија, г-дин Оливер Спасовски, Mинистер за внатрешни работи, Г-дин Дејан Ивковски, раководител на Одделление за азил, миграции и хуманитарна помош при Министерство за труд и социјална политика, М-р Сузана Салиу, директор на Центар за управување со кризи и г-ѓа Соња Божиновска Петрушевска, претставник на канцеларијата на ИОМ во Република Македонија; како и г-ѓа Мартина Смилевска Кчева, претседател на Македонско здружение на млади правници и г-дин Владимир Петронијевич, извршен директор на Група 484, Република Србија.

img_6202

Темите на кои се говореше беа: справување со миграциските движења во Република Македонија и идни предизвици, меѓународниот одговор во справувањето со миграциските движења во Република Македонија и улогата на граѓанските организации во справувањето со миграциските движења.

img_6229