Нашите невидливи деца – предавања за средношколци за бездржавјанството кај децата во РМ

Македонско здружение на млади правиници одржа предавања во скопското средно училиште „Васил Антевски – Дрен” на тема „Нашите невидливи деца- бездржавјанството кај децата во Македонија“. Правниците Александра Ефремова и Иван Кочовски зборуваа за причините заради кои децата во нашата земја и во светот остануваат без државјанство, страшните последици со коишто тие секојдневно се соочуваат, како и за начините на кои што овој проблем може да се реши. 
 
dsc_0632
 
Шеесетина ученици од прва година како дел од предметот Вовед во право, активно ги следеа предавањата и прашуваа како тие би можеле да помогнат во решавање на овој проблем.
„Ентузијазмот и заинтересираноста на овие ученици за бездржавјанството во Македонија беше очигледна, а нас не мотивира како организација која што секојдневно работи на решавање на овој проблем.”- изјави Кочовски, кој исто така е назначен младински амбасадор за Република Македонија во рамки на Европската мрежа за бездржавјанство-ENS. 
dsc_0650
Овие предавања беа дел од кампањата на Европската мрежа за бездржавјанство #StatelessKids, која има за цел да ја подигне свеста за илјадниците деца во Европа кои се соочуваат со овој решлив проблем.