Напредокот по Загребската декларација 2011

Повеќе од  20 илјади луѓе  во Југоисточна Европа го немаат запишано своето раѓање, ниту пак поседуваат личнадокументација, па оттукаистите се во ризик да останат без држајванство. Повеќето од нив се од ромска националност, ашкали или египјани.Една од главните причини за ваквата ситуација е распадот на поранешна Југославија со што многу луѓе останаа со изгубени или уништени документи, потребни за докажување на  националната припадност.

Во октомври 2011 година, владите на Босна и Херцеговина, Хрватска ,Косово, Црна Гора, Србија и Македонија, заедно со меѓународната заедница учествуваа на Загребската конференција за обезбедување на граѓанска документација и регистрација во Југоисточна Европа, иницирана од УНХЦР, Европската комисија и  Високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ.Резултатот од конференцијата беше збир на препораки наречен “Загребска Декларација ” која пред се е во насока да ги поттикне државите да продолжат со напорите  за отстранување на  можните пречки за добивање на лична документација и регистрација на граѓаните. Покрај тоа, во прилог на овие препораки, државите имаат и законска обврска да ја почитуваат и  Конвенцијата за статус на лица без државјанство од 1954 и Конвенцијата за намалување на без државјанство 1961.

Две години подоцна, во Октомври 2013 година, истите учесници се собраа на средба во Подгорица (Црна Гора) со цел да се разгледа напредокот на државите по Загрепската Конференција. Дискусијата  покажа дека се направени позитивни промени, како на пример:откажување на административни такси, изменување на закони со цел за олеснување на регистрација на раѓање, зајакнување на соодветните општински услуги, кампањи за подигнување на свеста, вклучување на ромите и другите малцински групи во текот на целиот процес, подобрување на билатералната соработка помеѓу владите со цел олеснување на размената на информации за недокументирани лица итн.Сепак, општиот заклучок беше дека предизвици сеуште постојат  и државите треба да продолжат со нивните напори за решавање на овие проблеми.

Повеќе: Access to Civil Documentation and Registration in South Eastern Europe: Progress and Remaining Challenges since the 2011 Zagreb Declaration Access to Civil Documentation and Registration in South Eastern Europe: Progress and Remaining Challenges since the 2011 Zagreb Declaration

Загребска декларација: http://www.unhcr.org/4ec12d0d9.html