МЗМП ја промовираше Анализата за спроведувањето на процесот за процена на влијанието на регулативата (ПВР) од страна на министерствата во РМ во 2017 година

МЗМП во рамки на проектот „Со квалитетен ПВР до подобро законодавство во РМ“ имплементиран од МЗМП, а поддржан од Institute for Democracy ‘Societas Civilis’ Skopje и Center for Economic Analyses – CEA, ја промовираше Анализата за спроведувањето на процесот за процена на влијанието на регулативата (ПВР) од страна на министерствата во РМ во 2017 година. На промоцијата се зборуваше за начинот на кој се имплементирал процесот на проценка на влијанието на регулативата во 2017 година, а свое видување на имплементацијата на ПВР имаше и претставник од Министерство за информатичко општество и администрација.

Анализата го оценува постапувањето на министерствата при спроведување на обврските што произлегуваат од актите кои го уредуваат процесот за процена на влијание на регулативата (ПВР). Анализата посветува подеднакво внимание на формалните, но и на суштинските барања што се однесуваат на изработените документи и на темелноста на анализите што се задолжителен дел од ПВР.

Анализата исто така дава преглед на спроведувањето на процесот на ПВР од страна на министерствата во 2017 година и констатира значајни недоследности како од формална така и од суштинска гледна точка. Во таа насока, за 6 закони воопшто не е спроведен ПВР, додека за 8 постојат недоследности во некоја од фазите на ПВР; во најголем дел од случаите изостанува детален опис на проблемот кој бара потреба од измена или донесување ново законско решение и мошне ретко се користат статистички, демографски или податоци од научни и стручни студии, како и отсуство на детално образложение и анализа на влијанијата кои одреден закон или измена ќе ги има врз општеството.

Врз основа на детектираните недостатоци, а имајќи ги предвид добрите практики од другите земји, анализата дава соодветни препораки за подобрување на системот на ПВР во Македонија.

Преземете за анализата тука.