МЗМП член на Меѓународната коалиција за притвор (International Detention Coalition)

Македонско здружение на млади правници стана член на Меѓународната коалиција за притвор (International Detention Coalition ), специфична глобална мрежа на организации и индивидуалци кои заеднички работат кон ставање крај на имиграцискиот притвор на барателите на азил, бегалците и мигрантите. 

idc black logo

Преку 300 граѓански органзации и индивидуалци во повеќе од 70 земји застапуваат, истражуваат и обезбедуваат непосредни услуги за бегалците, барателите на азил и мигрантите кои се допрени од имиграцискиот притвор.

По објавувањето на глобалното истражување за притвор од 2008 година, Меѓународната коалиција за притвор идентификуваше три стратешки приоритети: Ставање крај и ограничување на притворот, развој и промовирање на алтернативи на имиграцискиот притвор, и подобрување на правата, условите и мониторирање на местата на имиграциски притвор

Имиграцискиот притвор е една од фокусните точки во работата на МЗМП која се одвива преку мониторирање, информирање на притворените бегалци и мигранти за правото на азил како и спроведување активности од областа на застапувањето.