МЗМП ПОДДРЖА ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ДЕТСКИ ДОДАТОК СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Македонското здружение на млади правници, во рамките на проектот „Зајакнување на социјалната заштита на децата преку правна помош“, поддржа постапка за остварување на правото на детски додаток, кое право беше делумно оспорено од страна на првостепениот орган.

Станува збор за лице кое поднело барање за детски додаток за своите три деца, а од страна на првостепениот орган му бил доделен детски додаток кој соодветствува на износот за две деца кои одат во основно училиште, или 1.488,00 денари, со усно образложение дека целокупниот износ од 1.800,00 денари кој го утврдува Законот за заштита на децата, се остварува само доколку едното дете оди во средно училиште.

Против ваквото Решение, клиентот преку адвокат Панче Перковски од Скопје поднел Жалба, со кое побарал правилна примена на одредбата од Законот за заштита на децата, каде што во член 31 став 3 се наведува дека: Вкупниот месечен износ на детски додаток за децата за кои родителот го остварил правото изнесува 1.800,00 денари.

На ден 05.09.2018 година, од страна на надлежниот првостепен орган – Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, е наведено дека жалбата е прифатена во целост, и по истата се постапува со Решение за исправка на грешка, по кое на корисникот му се утврдува право на детски додаток во вкупен износ од 1.870,00 денари.