МЗМП достави три поднесоци до Советот за човекови права при ОН за Универзалниот периодичен преглед за Македонија

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на 12 јули 2018 достави три поднесоци до Советот за човекови права при Обединетите нации во однос на Универзалниот периодичен преглед за Македонија закажан на почетокот од 2019 година. Универзалниот периодичен преглед се прави на сите земји членки на ОН вклучувајќи ја и Македонија која до сега била предмет на два периодични прегледи и тоа во 2009 година и 2014 година.

За овој циклус, темите на кои МЗМП ги достави своите мислења, ставови и препораки се следните (во продолжение се и поднесоците):

–          Бездржавјанство, со специјален фокус на диксриминацијата и исклученоста на Ромите во Македонија (заеднички поднесок на МЗМП, Европската мрежа за бездржавјанство, Европскиот центар за правата на Ромите, Институтот за бездржавјанство и инклузија, и Интернационалната група за малцински права)

–          Азил и миграции

–          Дискриминација и злоупотреба во областа на вработување и ползување на права од работен однос на младите вклучувајќи ги тука волонтирањето и практикантската работа (заеднички поднесок на МЗМП со Националниот младински совет на Македонија и Институтот за човекови права)

Што претставува Универзалниот периодичен преглед?

Универзалниот периодичен преглед (УПР) е единствен процес кој вклучува периодичен преглед на евиденциите за човекови права на сите 193 земји-членки на ОН. УПР е значајна иновација на Советот за човекови права кој се заснова на еднаков третман за сите земји. Таа им дава можност на сите држави да прогласат какви дејства презеле за подобрување на состојбите со човековите права во нивните земји и да ги надминат предизвиците за уживање на човековите права. УПР, исто така, вклучува споделување на најдобрите практики за човекови права низ целиот свет. Во моментов, не постои друг механизам од ваков вид. Повеќе информации за процесот и можноста за поднесување на ставови и препораки од страна и граѓанските организации може да се најдат на следниот линк: https://www.ohchr.org/EN/HRBodies/UPR/Pages/BasicFacts.aspx

Поднесоците можете да ги прочитате тука:

Бездржавјанство

Азил и миграции

Дискриминација