МЗМП воспоставува Help Desk за млади правници за поддршка при барање на работа или пракса

Македонското здружение на млади правници, во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Република Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, воспостави help desk за млади правници со цел обезбедување на постојана поддршка при барање на работа или пракса вклучувајќи помош при подготовка на кратка биографија, мотивационо писмо, и припрема за интервју за работа.

Покрај тоа, како дел од оваа канцеларија за советување ќе се креира база на податоци која ќе содржи информации за отворени работни позиции и повици за практиканство/волонтерство за млади правници, а информациите ќе се споделуваат периодично на веб страната и ФБ страната на Македонското здружение на млади правници. Целта е да се поврзат младите правници кои бараат работа со правни фирми, компании, канцеларии и организации.

За сите прашања и информации може да се обратите на телефонскиот број 02/3220-870, на е-маил адресата skjoseva@myla.org.mk, или преку порака на ФБ страницата на МЗМП.