Меморандум за соработка со општините Гевгелија, Куманово и Бутел

Во текот на минатиот месец, Македонското здружение на млади правници потпиша Меморандум за соработка со три општини: Општина Гевгелија, Општина Куманово и Општина Бутел.

Главната цел на оваа соработка е зголемување на капацитетите и разбирањето на единиците на локалната самоуправа, за својата обврска според националното законодавство за бегалците, како и поттикнување на конструктивен дијалог меѓу локалните граѓански организации и единиците на локалната администрација за прифаќање и интеграција на бегалците во општеството.

Во периодот февруари-март 2017 година, МЗМП организираше десет ориентациски сесии за различни локални граѓански организации со вовед кон Конвенцијатата за бегалци и законот и националното законодавство за азил. Целта беше да граѓанските организации да се остручат и оспособат за работа со бегалците и барателите на азил.

дфВо наредниот период,во трите општини ќе се одржат тркалезни маси на кои ќе се дискутира улогата на општините во процесот на интеграција на бегалците . 

Овие активности се дел од проектот “Зајакнување на локалните актери во интеграција на бегалците во Република Македонија” кој МЗМП го реализира во соработка со Група 484 од Белград со поддршка на Норвешката Амбасада во Република Србија.