Меморандум за соработка на МЗМП со Правниот факултет „Јустинијан I” Скопје и Правна клиника за маргинализирани групи

 
Претседателот на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Зоран Дранговски и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, Проф. Д-р Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка со цел меѓусебна поддршка во реализацијата на своите тековни активности, а кои се однесуваат на унапредување на универзитетското правно образование во државата и развојот на правниот систем воопшто.
 
Соработката помеѓу МЗМП и Правниот факултет ја опфаќа и Правната клиника за маргинализирани групи која функционира во рамки на факултетот, во насока на практична едукација на студентите кои се нејзини членови, за области во кои работи МЗМП.