Конференција: На половина пат- прием и враќање на непридружувани малолетни мигранти

 

Група 4image-0-02-05-b65b89d08448ea7da7a492985d14dab1f5499f468cc8682f1e49130452cae866-V84 и Македонско здружение на млади правници, во соработка со Холандскиот совет за бегалци, во рамки на проектот „Прочајлд- кон вистинска заштита на непридружувани и разделени деца мигранти”, денес во Белград одржуваат конференција насловена „На половина пат- прием и враќање на непридружувани малолетни мигранти”.

На конференцијата присутствуваат учесници од Министерството за труд и социјална политика од Р.Македонија, Министерството за труд, вработување, ветерански и социјални прашања од Р.Србија, Комесаријатот за бегалци и миграции од Р.Србија, Секторот за азил, миграции и хуманитарна помош од РМ, Центар за социјална работа од Скопје, Центарот за старателска грижа и посвојување од Белград,  Амбасадата на Кралството Холандија, Претставништвото на УНХЦР во Р.Србија, Save the Children, ИОМ, Група 484 и МЗМП.

 

 

 

Кmedia-share-0-02-05-68a71863287d6f493b235b4d3cebc3dda8a532c05448d84552e0655eec0c4082-66ba945e-8cf2-499d-9760-99285719e809ако поважен резултат од работата на проектот, Катлијн Силевис од Холандскиот совет за бегалци ќе го претстави Прирачникот за ефективна заштита на непридружувани и разделени деца мигранти во Србија и Македонија, додека Мирослава Јелачиќ-Којиќ од Група 484 презентира документ за дискусија на кој работеа претставници од МЗМП и Група484, насловен  „Непридружувани и разделени малолетници во процесот на враќање”.

 Зоран Дранговски, претседател на МЗМП кој е присутен таму, вели дека „ …е  потребна поголема соработка меѓу Р. Македонија и Р. Србија, и тоа на редовна размена на информации и градење заеднички пристап околу заштитата на непридружуваните и разделените малолетни мигранти.” 

Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.