Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна професионална организација основана во 2003 година, која обезбедува правна помош и стратешки застапува за заштита на човековите права. Со знаењето и иновативните капацитети на младите правици, МЗМП се стреми за промоција и унапредување на принципот на владеење на правото и влијае на јавните политики преку подготовка на истражувања и анализи. МЗМП се стреми за општество во кое владеењето на правото е воспоставено а луѓето проактивно се борат за почитување на нивните основни слободи и права.

  • Визија
    МЗМП е водечка организација и сигурен актер во општеството која ги штити човековите права и се залага за владеење на правото, користејќи ја иновативноста и капацитетите на младите правници.
  • Мисија
    МЗМП е непрофитна организација која обезбедува правна помош, гради капацитети, поттикнува промени во јавните политики и примената на законодавството, врши застапување за заштита и почитување на човекови права и правна сигурност

Стратешки цели на МЗМП 2019-2021

1. Правно зајакнување и заштита на основните човекови права и потреби
2. Унапредување на владеење на правото и воедначување на националните политики со правото на ЕУ
3. Подобрување на квалитетот на услугите на институциите кон граѓаните
4. Зајакнување на професионализмот, стручноста и интегритетот на младите правници

Организацијата се фокусира на следните три програми:

  • Правна помош
  • Правна едукацијa
  • Истражувања и анализи

Целни групи на МЗМП:

  • жртви на повреда на човекови права,
  • маргинализирани групи,
  • граѓански организации,
  • јавни институции 
  • правници.

МЗМП обезбедува правна помош за:

• Баратели на азил и бегалци
• Мигранти
• Лица без државјанство
• Жртви на трговија со луѓе
• Жртви на повреди на човекови права
• Жртви на дискриминација
• Социјално и финансиски загрозени лица
• Деца
• Затвореници (осудени лица)
• Лица со попречености