Поважни постигнувања 

  • Обезбедување на бесплатна правна помош на повеќе од 5000 лица.
  • МЗМП е дел од Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција
  • Првата пресуда за утврдување на дискриминација во Македонија беше за случај кој беше поддржан од страна на МЗМП. Всушност, првите неколку случаи поврзани со дискриминација беа иницирани и застапувани од страна на МЗМП.
  • Поддршка на системот за азил и регистрација на случаи во последните неколку години, вклучувајќи ја и кризата со бегалци/мигранти почнувајќи од 2015 година
  • Интервенција како заинтересирана страна во случај пред ЕСЧП.
  • Учество во мониторинг активностите на Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител на Република Македонија;
  • Номинирани од ABA ROLI за две награди: награда за човекови права на ABA и годишна награда “Владеење на правото” на Меѓународната Унија на Адвокатите – Union Internationale des Avocats (UIA).
  • Повеќе од 90 застапувани случаи на кршење на човековите права
  • Воспоставена е програма за практикантска работа за млади правници во 15 основни судови, 2 Апелациони судови, Врховниот суд, Управниот суд и Вишиот управен суд, Народниот правобранител, Комисијата за спречување на дискриминација и 12 адвокатски канцеларии. Повеќе од 400 млади правници учествуваа во програмата за практикантска работа која се уште се одвива.
  • Подготвени и објавени: 3 годишни извештаи за човекови права, 2 индекси за перцепција на човековите права, 6 правни мислења и повеќе од 40 правни истражувања и анализи.
  • Склучени Меморандуми за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, Правен факултет Јустинајан први Скопје, Народен правобранител, Центри за социјална работа, 
  • МЗМП заедно со претставници на ЦСР и МВР е дел од четири мобилни тимови (Тетово, Куманово, Битола и Гевгелија) за превенција и заштита од трговија со луѓе.